Со пенкала и запалки купени од парите на граѓаните, пратеници на СДСМ агитираат за промена на името и уставот на Република Македонија помеѓу самите граѓани.
За да лицемерието биде поголемо, главната теза на овие пратеници кои одат помеѓу граѓаните е дека тоа е за добро на самите граѓани.
За оваа аномалија во Македонското политичко милје алармираше Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил:
Без трошка срам и грижа на совест, пратеничката од СДСМ Кисела Вода заедно со нејзини придружници оди од куќа на куќа да агитира за промена на нашето уставно име. Почитувана пратеничке, функциите се минливи и менливи, прашањето е како после овие ваши предавства мирно ќе спиете? Како ќе ги погледнете нашите сограѓани во очи? Нашите сограѓани гласаа за проекти, а не за промена на нашето уставно име! Еден ден, сама од себе ќе се срамите.
-напиша на фејсбук Орце Ѓорѓиевски.


