Откако од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше по втор пат потврдено името на Сафет Бишевац како дел од кандидатската листа на пратеници во првата изборна единица, во јавноста како и на социјалните мрежи избувна силна реакција.
Најголемото вчудоневидување и контрирање за ваквото кадрово решение доаѓа од таборот на СДСМ и тоа на повеќе нивоа.
Најсилната и најжестока реторика доаѓа од највисоките партиски структури на СДСМ кои не се политички експонирани, но на кои им е јасно што сака да постигне со ваквиот мудар потег лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.
Имено станува збор за висока партиска фигура во хиерархијата на СДСМ во минатото кој одвнатре го познава целиот систем на организација на СДСМ, сите канали на влијание врз гласачкото тело, можности за екипирање преку центри на моќ низ државата и слично.
Сафет Бишевац многу добро одвнатре ги познава сите кланови (било семејни или на друг начин организирани) блиски до Зоран Заев и Редмила Шеќеринска преку кои на терен се поврзуваат линиите на политичко влијание до секој гласач на СДСМ во изминатиот период.
Дополнително искуството и познавањето на медиумската структура на влијание на СДСМ во државата Сафет Бишевац го прави еден од ретките во државата кој се осудил да застане на другата страна со цел да ги разоткрие сите медиумски игри кои што во изминатиот период ги спроведуваат од Бихачка преку скапи кампањи платени со огромни финансиски сретства.
На тој начин Сафет Бишевац претставува своевиден смртоносен комарец кој ќе го парализира СДСМ и сите негови воспоставени инструменти на моќ и притисок врз гласачкото тело во државата.
Во јавноста Сафет Бишевац важи за габаритен новинар кој е со долго новинарско искуство кој со сигурност може да донесе позитивен импакт врз идниоот развој на целокупната политичка состојба во државата.


