Кандидатот за градоначалник на Кочани Николчо Илијев од СДСМ на ТВ дебата на Македонскиот национален сервис пред цела Македонска јавност се огради од партијата која го кандидира како нејзин кандидат по втор пат за градоначалник на Кочани.
Тој во предизборната трка за вториот изборен круг јавно, јасно и гласно стави до знаење на цела Македонска јавност дека не е член на СДСМ. Извадок од ова ТВ појавување на кандидатот на СДСМ на програмата на МТВ во јавноста сподели пратеникот Миле Лефков од опозициската ВМРО-ДПМНе преку социјалните мрежи:
Николчо Илијев кандидиран од СДСМ на ТВ им се оградува од партијата! 😉#ЏабеСеПереш #КОЛЕктивнаЕвакуација pic.twitter.com/wpIY1iyaLC
— Mile Lefkov (@LefkovMile) October 22, 2021