Американскиот претседател на Франција и понуди подобрени трговски услови со цел “да се минира ЕУ”.
Доналд Трамп му сугерирал на Емануел Макрон дека ќе добие подобар билатерален трговски договор ако Франција се повлече од Европската Унија.
Понудата, која цели да ја уништи Европската Унија, наводно се случила за време на приватен состанок кога Макрон ја посети Белата куќа во април годинава.
Од Вашингтон пост објавија дека Претседателот на САД го прашал Макрон:
Зошто не ја напуштите Европската Унија?
За возврат Трамп сугерирал дека САД можат да им понудат пригоден билатерален договор на Франција.
Во статијата се вели дека Трамп обеќал дека на Франција ќе додели подобри трговски услови од тие што ги има со ЕУ.
Колумнистот во Вашингтон пост , Џош Рогин, цитирал двајца неименувани Европски претставници како извор на својот извештај, додавајќи дека предлогот открил “основен недостаток на сваќањата на Макрон и на луѓето кои го избрале”. Тоа било “инстанцата на Претседателот на САД нудејќи иницијатива да се распарчи организација на Американски сојузници, наспроти прокламираната Американска владина политика”.
Ниту Белата куќа ниту Елисејската палата го потврдија или коментираа извештајот, но понудата соодветствува со поширокиот сомнеж и недоверба на Трамп кон меѓународните организации и пактови.
Откако ја превзеде овалната канцеларија во Белата куќа, Трамп ги стави под прашање Американското членство во НАТО, се повлече од транс-пацифичкото партнерство, се повлече од климатскиот договор од Париз, и неоедамна ја повлече САД од советот за човекови права при Обединетите нации. Во изминатите неколку недели тој завзеде тврда линија со Канада и Мексико, со надеж да ги присили да преговараат повторно околу Северно Американскиот договор за слободна трговија (NAFTA).
Наместо сето ова, Претседателот на САД промовирал политика “Америка на прво место” (America first), инсистирајќи на тезата дека странските држави- сојузници и и останати- ја злоупотребувале соработката со САД.

Mandatory Credit: Photo by Andrew Harnik/AP/REX/Shutterstock (9447254j)
President Donald Trump arrives at Palm Beach International Airport in West Palm Beach, Fla
Trump, West Palm Beach, USA – 02 Mar 2018
Додека настојува да воведе трговски тарифи на земјите и ЕУ, на некои од најблиските сојузнички земји им предочил дека тие можат да го изгубат пристапот на Американските пазари ако не ги редуцираат тарифите на Американските компании и нивните производи и добра.
Вашингтон пост изјавија дека Трамп се обидувал да наметне “огромна”аа но притоа бесмислена штета на Европските сојузници.
Трамп ги уништувал ЕУ и НАТО уште во неговата кампања пред неговиот избор, но размерот и злобноста на неговите напади се зголемил
-напишал Рогин.
Трамп не верува во светиот континуитет на Европската Унија и НАТО како и посветенмоста на САД кон овие две организации.
Извор: The Guardian


