Кај народот кој што живее по текот на реката Брегалница постои едно верување од памтивек дека појавата на штрови и ластовички на одреден географски простор секогаш се предвесници на промените. Ова верување се врзува со биоритамот на овие птици-преселници кои што кога дојде време се селат од едно место на друго согласно нивниот животен биоритам.
Пред малку на Споменикот на паднатите борци од НОВ во центарот на Делчево слета возрасен штрк кој што упорно стои на врвот на споменикот веќе подолго време.
Дали оваа појава на штрк на Споменикот на паднатите борци од НОВ и ПОМ во центарот на Делчево е предвесник на новите промени кои што ќе настанат како во Делчево така и во Република Македонија останува да посведочиме во наредните неколку денови.
Но едно е сигурно:
Народната мудрост и верувања на нашиот народ се секогаш во право.





