На 1-ви јануари, беше организиран човечки синџир од 620 километри за да се осуди патријархатот на индиското општество. Оваа голема мобилизација беше иницирана по што беше овозможено три жени на возраст меѓу 10 и 50 години да влезат во хиндуистички храм- пракса што досега беше забранета.

Во вторникот на 1-ви јануари, локалната власт на државата Керала (на југот на Индија) организираше огромен човечки синџир долг 620 километри, наречен “ѕид на жени”, составен од над 5 милиони жени за поддршка на одлуката на индискиот Врховен суд , изречена во септември 2018 година.

Според традиционалните индиски верувања за жените се вели дека се “нечисти” на оваа возраст.
Во традиционалното индиско општество, жените на возраст меѓу 10 и 50 години (помеѓу пубертетот и менопаузата) се сметаат за нечисти, бидејќи имаат свои месечни циклуси-периоди. Како резултат на тоа, тие немаат пристап до хинду-места за обожавање во деновите кога ги имаат нивните месечни циклуси-периоди.
Во остатокот од времето во месецот, тие можат да влезат во храмовите. Сепак, две жени на возраст под 50 години присуствуваа на верски обичај во древниот храм Сабаримала кој потекнува од 12 век во провинцијата Патанамтита.

Bindu Ammini и Kanaka Durgaе се двете жени кои за себе велат дека не се дел од ниту една политичка организација но очогледно предизвикале политички ефект во општеството. Тие во средата во придружба на полицијата, нападнати од многубројните традиционалисти влегоа во овој храм по што предизвикаа лавина реакции во јавноста.

На 28 септември, по околу 20 години дискусија на оваа тема, со судска одлука им се дозволи на жените да влезат во светилиштата, пресудувајќи дека ваквата пракса е дискриминаторска.
Оттогаш, традиционалистите и прогресивците се судрија во насилни судири. Од септември, неколку жени се обидоа да влезат во храмот, но беа бркани со фрлање камења врз нив од страна на Хиндусите спротивставувајќи се на одлуката на Врховниот суд. Илјадници луѓе, исто така, беа уапсени од страна на полицијата по немирите.
Локалната влада на Керала затоа одлучи да го организира овој човечки синџир за да ја покаже својата поддршка за судската одлука. Милиони жени ги држеа своите раце над 620 километри со слоганот: “против патријархатот”. На нив им се придружија и претставници на локалната власт. Училиштата добија половина од работниот ден слободен, а универзитетските испити беа одложени, така што учениците, студентите и факултетот можеа да се приклучат на настанот.

Оваа демонстрација овозможи три жени да влезат во храмот Сабаримала. Дватеени пристигнаа во среда, 2 јануари, а друга трета жена беше во можност да се помоли таму следниот ден. Сепак, тие мора да влезат преку влез на персоналот и под полициска заштита, бидејќи хинду традиционалистите го попречуваа влезот пред храмот за да ја спречат одлуката на судот да се примени.
Ритуали за чистење на храмот, исто така, беа изведени од страна на свештенството по заминувањето на жените од верската церемонија.



