Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето синоќешно гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21 меѓу останатите актуелни политички теми зборуваше и за основната причина за катастрофалната економска состојба во која тонат незапирливо граѓаните и стопанството во Македонија.
Тој како главна причина за брзорастечката сиромаштија во државата го посочи неконтролираното задолжување на Владата предводена од Зоран Заев кое што ја надмина бариерата од 60% дури до 63-64% задолжување во однос на БДП. Водителот го надополни овој став на Николоски со изјавата на Гувернерката на НБРМ дека ваквиот тренд на задолжување е загрижувачки за државата.
“Вкупното задолжување на Република Македонија реализирано и проектирано за 2020 и 2021 година е некаде околи 1,6 милјарди евра. Образложението е дека ова задолжување е за справување со корона кризата според зборовите на Министерот за финансии и Премиерот. Јас презентирав податоци во Собранието дека минатата за здравство некаде отприлика се потрошиле дополнителни 90-тина милиони евра и дека оваа година уште толку треба да се потрошат за здравство, што мислам дека е во ред и мислам дека повеќе треба да се потрошат. Тоа е вкупно 180 милиони евра. Што значи дека од 1,6 милјарди евра, 180 милиони евра одат за здравство а 1,4 милјарди евра одат во црна дупка, односно не ги гледаме.
Не се градат автопати, не се гради железница, не се градат гасоводи, немаме инфраструктурни проекти а поентата на едно здраво задолжување е да се вратат тие пари во економијата. Овде се за жал за покривање на социјален мир од типот на покривање на социјална помош, на плати и пензии и второ, власта не собра храброст да стави малку ред во тој дел затоа што само плати за јавна администрација за 2021 година се 525 милиони евра. Споредено со 2011 година кога е кризна година и кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт беа некаде околу 280 милиони евра. Значи нјавна администрација плата земала во 2011 некаде 280 милиони евра, за тие да одат некаде на 525 милиони евра во 2021 година.
Ова за 10 години е еден огромен раст на платите.”
-кажа Николоски со што ги нацрта контурите на главната причина за бедотијата во која владее СДСМ на расипничко-недомаќински начин.
Дополнително Александар Николоски го истакна фактот во однос на дискреционите права на генералниот секретар на владата без разлика дали е тоа Рашковски или Зекири, други трансфери кои што се во надлежност на генерален секретар на влада од некаде 180-200-210 милиони евра во време на ВМРО-ДПМНЕ сега се стигнати на 641 милион евра.


