Во синоќешното гостување на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата Клик Плус на ТВ 21 ја образложи причината зошто опозицијата поднела 2000 амандмани на предлог законот за одбрана доставен во собраниска процедура од страна на Радмила Шеќеринска, со што де факто е блокирано неговото носење.
Николоски овој предлог закон одбрана го нарече Закон за одмазда на Шеќеринска кон полковникот Драган Ковачки кој што жестоко ја критикува работата на Министерката за одбрана со релевантни факти и аргументи кои што го разобличуваат лошото работење на самата министерка.
Законот за одбрана, е закон за одмазда, односно измените на законот за одбрана се носат со цел Радмила Шеќеринска да се одмазди на Ковачки кој што е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од причина што Ковачки ја напаѓа работата на Радмила Шеќеринска и на ова Министерство за одбрана, односно наоѓаат начин како да го сменат законот и со тие измени да го избркаат човекот од работа,
-соопшти Николоски директно во врска со овој предлог закон за одбрана кој што е блокиран во МАкедонскиот парламент.
Целата емисија од гостувањето ан Александар Николоски погледнете ја во видеото во продолжение каде опозицискиот потпретседател говори и за други актуелни теми.


