Од 17 до 19 декември , Детскиот фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ ќе го претстави 6 то издание во Младинскиот културен центар во Скопје.
Ова е редок настан на кој ќе се прикажуваат претстави од странска продукција пред детската македонска публика.На 17 декември, од 19:30 часот ,ќе се претстави Ана Фабули од Германија, со претставата „Кралот Жаба и други љубовни приказни.“На 18 декември, од 19:30 часот ќе се одржи претставата „Алиса и чудата“ во изведба на тeатарот „Сенки и облаци“ од Македонија.
На 19 декември, од 18 часот, ќе биде прикажан краток анимиран филм „НОДВА“, филм за бегалците. Потоа студиото „Апстракт“ од Македонија ќе ја изведе танцовата претстава „Снежана и седумте џуџиња“, и на крај ќе се претстави Мари Донат од Германија со претставата „Птици“.