По редицата на несакани случувања во Малешевијата со труење на кучиња , Советот на општина Берово донесе заклучок за координирање на активностите на општинските служби со претставници на здружението за заштита на животните ПРО АНИМА од Берово.

За ваквата ново-воспоставена пракса во општина Берово, со поздравување реагираат и од самото здружение ПРО АНИМА од Берово:
Конечно една убава вест!
Еден мал,но значаен чекор напред за ПРО АНИМА!Општина Берово
Звонко Пекевски и
Совет на Општина БеровоВи благодариме и се надеваме на успешна соработка.
Нека Општина Берово биде пример!
-напишаа на фејсбук од здружението.