Амбасадата на САД во Република Македонија ја објави сумата која што властите на САД ја упатија на меѓународно ниво како помош за справување со корона кризата на националните власти на голем број држави во светот.
Наспроти износот од 10.2 милијарди долари кои што САД ја упатија како повеќе видови на помош, од амбасадата на САД во Република Македонија ја пренесуваат сумата која што Кина ја има упатено како помош на меѓународно ниво која што изнесува околу 2 милијарди долари.
Секретар Помпео: Соединетите Американски Држави го предводат глобалниот напор за борба против Ковит-19, алоцирајки повеќе од 10 милијарди долари за бенефит на националниот одговор- се што е од редот на финансирање на истражувачки активности за вакцини и напори за подготвеност за хуманитарна помош.
-напишаа на својата фејсбук страница од Амбасадата на САД во Македонија.