Средношколската организација “Средношколски глас” денеска упати своја реакција во јавноста во врска со појавата на однесувањето на раководството на ученичкиот дом Здравко Цветковски во Скопје со кое не дозволуваат на учениците во тек на викендите да претстојуваат во нивните легла и соби.
“До Средношколски глас пристигнуваат информации дека во државниот ученички дом Здравко Цветковски, средношколциите се приморани за викендите да си одат дома. Ваквото однесување е неразбирливо, бидејќо без никаков надомест нашите соученици се изложени на дополнителни трошоци. Средношколски глас бара одговор за ваквото постапување од страна на ученичкиот дом.”
-соопштуваат од Средношколски глас во јавноста.


