Учесници од Виница, Берово и Делчево ја воодушевија виничката публика. Жителите на овие градови како и сите македонци , треба да бидат горди поддржувачи на музичкиот елан на стариот народен мелос, и на изворната македонска песна.
Традицијата секогаш делува помоќно и по емотивно наспроти модерното време. Виничани ја имаат групата “Серенада“ како генерациски следбеник на стариот состав “Распеани Виничани“, делчевци ја имаат групата Ѓурѓа, а беровчани продолжуваат со оркестарот при Домот на културата “Димитар Беровски“. Во Виница настапија со репертоар на песни од народна локална ризница. Концертот е во организација на Домот на културата “Тошо Арсов“ од Виница.