Од трибината во Свети Николе претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски зборуваше за посетата на Алексис Ципрас на Скопје која се случи пред неколку денови.
Свети Николе има голем земјоделско-сточарски потенцијал. Откога го решивме спорот со името на земјава и се отворија нови перспективи. Порасна економијата, порасна просечната плата, се намали невработеноста. Позитивните резултати во земјава беа видливи по нецела година од Преспанскиот договор, видливи се и денес,
-рече Стево Пендаровски за што дополнително го изнесе фактот дека допрва следува отварањето на европските фондови.