Млад граѓанин на Кичево до нас достави свое сведоштво со приказ на пораки од експлицитни закани по својот живот кои ги примал преку социјалните мрежи.
Станува збор за закани за бркање од работа на таткото на Стојанче Никодиноски кој реши јавно да проговори за овие свои семејни и лични неприлики.

Корисник на социјалните мрежи преку порака исто така му се заканувал по неговиот живот на младиот Стојанче кој не крие во јавноста дека е приврзаник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и ги критикува политиките на актуелната власт:

Во продолжение во целост ја пренесуваме реакцијата на Стојанче Никодиноски кој е предмет на закани според неговото кажување на поедини лица кои ги знае:
“Денес Кичевските шерифи почнаа да ми се закануваат по пораки.
Заканите се однесуваат лично за мене и за мојата фамилија, се со цел да ме отстранат од ВМРО-ДПМНЕ.
Закани по живот, закани дека не ќе можам да најдам работа во Кичево…До денес толерирав се и сешто, ама како што гледам секоја граница ја поминаа и веќе нема да премолчувам за вакви нешта.Овие закани се зошто пишувам против овие Господа од Кичево, ама како што гледам ги боли вистината.
Уцени, закани по живот и се друго – доколку мене нешто лично ми се случи или на мојата фамилија, имам оставено мое лично своерачно писмо каде што имам напишано кој може да биде и зошто го прави тоа.Во писмото имам се напишано како се работеше во Кичево, како невини луѓе се оставаа без работа и едни од нив сме ние кој со години сме без работа.
Исто така имам неведено видни луѓе од Кичево кои стојат позади овие закани, и доколку мене нешто ми се случи или на мојата фамилија, тие Господа од Кичево ќе се најдат зад решетки.Јас не се плашам од овие закани, и нема зошто да се плашам оти јас не сум тој што со години лажеше во Кичево и што ветуваше кули и вили.
За ова безобразие се одговара, и ќе ве молам да не притискате преку моите најблиски да ја избришам објавава оти ќе почнам со име и презиме да ве кажувам што луѓе сте.Ова гнасно нешто ќе излезе и во медиуми, и на писмено и со репортажа во Кичево и ќе проговорам за сите ваши валкани работи што ги правевте во Кичево и сега што ги правите во Скопје.”


