Во врска со состојбата на здравството во општина Кочани на прес конференција во јавноста упатија своја реакција од Комисијата за здравство при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани.
Портпаролот Кристина Атанасова Арсова се обрати кон надлежните здравствени власти за нереализираната најава за изградба на монтажна модуларна болница која беше потребна за граѓаните на целиот Брегалнички регион.
Според Атанасова-Арсова неспособноста на владата на СДСМ на централно ниво се пресликува и на локално ниво во Општина Кочани.
Во продолжение во целост го пренесуваме текстот на прес конференцијата на Портпаролот на Комисијата за здравство при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани Кристина Атанасова Арсова.
“Динамика во здравството или само обичен ПР?!
Неспособноста на оваа влада предводена од СДСМ да се справи со Корона кризата е пресликана и на локално ниво во Општина Кочани. На 21 јуни, 2020-та година, градоначалникот Илијев и директорот Серафимов, помпезно го најавија проектот монтажна модуларна болница која требаше во тој период да биде од најголема итност за граѓаните од Источниот регион. И додека во најголемот пик на Корона, за само 4 месеци, во Република Србија беа изградени две Ковид болници по сите светски стандарди, со врвна опрема и дијагностика, кај нас на неспособната власт им требаа 7 месеци само да ја израмнат промашената локација.
ФОТО 1 и ФОТО 2
Изградена КОВИД болница во соседна Србија
Почнаа со припрема на објектот од времен карактер уште во јуни 2020-та година. Во тој период како привремено решение, болните од Ковид-19 се збринуваа во постоечките капацитети на болницата, и тоа во ограничен број поради недостатокот на простор. Од монтажната модуларна болница на предвидената локацијата има само тампон, земја и песок, или кал после секој дожд. Очигледно властите и овој пат не си ги исполнија задачите и обврските спрема ѓраганите.
Како за компарација ви ги презентираме сликите на изграденото во Крушевац и во Кочани!? Дали се потребни зборови? Купувањето време на неспособната власт и немањето стратегија во справувањето со Ковид -19 е препознаено од граѓаните и ќе биде казнето на следните избори.”
-соопштуваат од Комисијата за здравство при ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.




