• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Колумна

Стратегијата на Кина против САД во Индо – Пацификот

октомври 12th, 2021 Колумна коментари 841

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Стратегијата на Кина против САД во Индо – Пацификот

Кина денес е економски, политички, воен и технолошки џин кој што и ги фрли ракавиците на САД во борбата за превласт и контрола на светот. Сведоци сме дека се разгорува „Студената Војна 2“ помеѓу САД и Кина. САД и Кина денес водат геополитичка, економска, идеолошка, технолоша војна во од чиј што исход зависи иднината на човештвото. „Скријте ја својата сила, почекајте пригоден час“, Денг Ксијаопинг така ја формулираше кинеската надворешна политика пред 50 години, во периодот на судир помеѓу САД и СССР. Но денес Кина не може повеќе да ја крие својата сила. Во регионот на Индо – Пацификот ќе се реши исходот на судирот помеѓу Кина и САД. Она што е интересно е дека сите држави во Индо – Пацификот имаат поголема трговска размена со Кина отколку со САД, и се зависни од Кина и од кинескиот пазар. За да ја спречи американската поморска надмоќ, Кина создава непробојна А2/АД зона во радиус од 1 500 км во Индо – Пацификот за да го осигура и заштити мега проектот „Еден појас – еден пат“. Но за таа цел Кина прво мора да го реши проблемот со Тајван, за да може да ја проектира својата А2/АД зона и да го заштити мега проектот „Еден појас – еден пат“.

Проблемот Тајван

После победата на комунистите во Граѓанската војна во Кина во 1950 година, поразените сили се повлекоа на Тајван и ја создадоа Кинеската Република. Од 1950 година Тајван е главниот надворешен проблем и предизвик за Кина. Кина за Тајван постојано ја предлага формулата „Една држава – два системи“, но истата постојано е одбивана од Тајван. Воените тензии меѓу Кина и Тајван (САД) деновиве го достигнаа врвот. Тајванскиот министер за одбрана деновиве Киу Гуожен ја обвини Кина дека се подготвува за војна и рече дека Кина може да започне инвазија од целосен обем уште во 2025 година. Ова ќе предизвика сериозна меѓународна криза, бидејќи САД најверојатно нема да останат настрана – Вашингтон постојано повторува дека дефинитивно ќе се залага за Тајван, својот сојузник. Но прашање е колку САД можат да му помогнат на Тајван, и колку време Тајван може да издржи во отворена војна против Кина. Во директна војна Тајван нема никакви шанси против Кина, главната дилема е колку денови ќе и требаат на Кина да го стави Тајван под своја контрола, пред да може САД да му помогне на Тајван.

Од почетокот на октомври, повеќе од 180 кинески воени авиони од различна класа, вклучувајќи и стратешки бомбардери Х-6 способни да носат нуклеарно оружје, постојано влегуваат во тајванската воздушна безбедносна зона. Кинеските воени бродови постојано патрулираат во близина на Тајван. Кинеските воено воздушни сили скоро секој ден вршат патролирање и влегуваат во тајванската воздушна безбедносна зона. Кина ја користи стратегијата која што успешно ја користеше Израел против Египет во „Шестдневната војна“ во 1967 година. Како и Кина денес, и Израел тогаш секојдневно испраќаше авиони во египетската воздушна безбедносна зона. Тоа беше рутина за Израел, и за Египет, кој што не им обраќаше преголемо внимание на таквите акции на Израел, се додека еден ден израелската воена авијација не изврши превентивни воздушни удари врз Египет и за неколку часа успеа да уништи околу 70% од египетската авијација. Израел тогаш оствари импресивна победа над арапските држави – Египет, Сирија, Јордан.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, во услови на зголемени тензии околу Тајван, повика на „обединување“ со оваа островска република, која го брани статусот на „независна“ држава (признаена од мал број држави), но од официјален Пекинг и за најголем дел од светот се смета за една од кинеските провинции. Обединувањето „со мирни средства“ ќе биде во најдобар интерес на целата кинеска нација, рече шефот на  Кина во саботата, 9 октомври, говорејќи во Домот на народното собрание во Пекинг на церемонијата по повод 110 -годишнината од револуцијата Ксинхај што ја уништи монархијата. Покрај тоа, Си Џинпинг предупреди дека отцепувањето на Тајван нема да заврши добро и ќе предизвика војна.

„Оние кои го забораваат своето наследство, ја предаваат својата татковина и се обидуваат да ја поделат земјата, ќе завршат лошо“, се закани тој. Без да ги именува САД, кои го поддржуваат Тајван, лидерот на НР Кина изјави дека секое надворешно мешање во тајванското прашање е недозволиво и нагласи дека „тајванското прашање е чисто внатрешна работа за Кина“. Изјавата на Си Џинпинг доаѓа во услови на ескалација на конфликтот меѓу Кина и Тајван и зголемената активност на кинеската војска, која го зголеми бројот на летови во воздушната безбедносна зона на Тајван и честопати спроведуваше воени вежби во блиските морски области.

Изградба на билетарални сојузи

Како и САД, и Кина гради сојузи во Азија и Индо – Пацификот со цел заштита на мега проектот „Еден појас – еден пат“ како и неутрализација на американските моќ и сојузи. Кина има една предност пред САД, а тоа е дека Кина за разлика од САД може да ги насочи целата своја сила, енергија и политика на Индо – Пацификот, а САД тоа не можат. Американската воена, политичка и економска моќ и сила е расфрлана низ целиот свет, и САД не можат да ја насочат целата своја сила и моќ против Кина. Поради тоа САД прибегнуваат кон создавање на разни сојузи против Кина.

Но за разлика од САД, кои што имаат искуство со креирањето и создавањето на сојузи ширум светот, Кина нема такво искуство и се соочува со потешкотии, што е резултат на кинеската историја и филозофија во која што немало создавање на сојузи со други држави. Но доколку сака да биде светска сила, Кина мора да им парира на стратешките сојузи на САД AUKUS (САД, Велика Британија, Австралија) и QUAD (САД, Јапонија, Австралија и Индија) во Индо – Пацификот. Кина за таа цел создава билатерални сојузи. Покрај судирот со САД во Индо – Пацификот, за Кина важно е  и блокирањето на подемот на Индија, како и решавање на територијалните спорови со соседите (Виетнам, Јапонија, Индија, Филипините, Малезија).

Кина и Русија ги зближува заедничкото непријателство против САД. И денес, како и за време на студената војна важен е триаголникот Вашингтон – Москва – Пекинг. За време на „Студената војна“ помеѓу САД и СССР, во Кина беше позната изреката „додека во џунглата два тигра (САД и СССР) се борат за превласт, мајмунот (Кина) мудро набљудува од некое високо дрво и чека да види кој ќе победи“. Тогаш Кина беше „мајмунот“, но денес Кина е „тигарот во џунглата кој што се бори против другиот тигар (САД), а Русија е „мајмунот’.

За Кина од клучна важност е стратешкиот сојуз со Русија бидејќи тој ја обезбедува северната кинеска граница, што и овозможува на Кина да насочи најголем дел од своите сили и енергија на регионот Индо – Пацифик. Преку Русија по копнен пат, но и преку Северниот морски пат кинеските производи и услуги безбедно стигнуваат во Европа, без над нив да виси заканата дека ќе бидат блокирани по поморски пат од САД. Плус од Русија, Кина добива сензитивни и современи одбранбени технологии. За стратешкиот сојуз Русија-Кина зборува фактот дека кинеската и руската армија со години спроведуваат заеднички големи воени маневри, плус руската и кинеската стратешка авијација започнаа заедно да патрулираат во Азија. Русија се одлучи на Кина да и ја даде технологијата и да изгради најсовремени радари за предупредување од балистички напади, и Русија и Кина работат заедно на развој на нови подморници, транспортни хеликоптери и патнички авиони. Во наредниот период како резултат на тоа што и Кина и Русија се во стратешки судир со САД, се очекува интензивирање и продлабочување на соработката во воената сфера. Покрај стратешкиот сојуз со Русија, за Кина се важни и сојузите со арапските држави Саудиска Арабија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, како и со шиитски Иран за непречена доставка на нафта. Во Индо – Пацификот за Кина од стратешка важност се сојузите со Пакистан поради парирање и блокирање на Индија, со Индонезија за блокирање на Филипините и Малезија, како и сојузите со Тајланд, Мјанмар, Бангладеш.

Постапувајќи по формулата „политиката е голема економија“, од витално значење е за Кина да обезбеди непречена реализација на мега проектот „Еден појас – еден пат“, како и непречено функционирање на кинескиот извоз и увоз со целиот свет. Затоа, Кина сака да создаде поморски воени бази, точки за сеопфатно снабдување, електронско извидување и навигациска поддршка низ целиот свет, но приоритет имаат Индо – Пацификот, Азија и Африка.

Пишува: Тодоровски Дарко

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Иван Јорданов и Благојчо Анаќиев со атрактивни и нужни проекти за населба Караорман ја бараат довербата на граѓаните
Следна објава Миле Петков: Ќе го уредиме коритото на Виничка река во три фази
Може да Ве интересира:
Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест
Анализа

Владата е најодговорна за црнилата кои ги живееме! Подадената рака на еден човек за обединување не е слабост, туку најсвета доблест

ноември 3rd, 2022 617
Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?
Анализа

Шпицен градоначалник?!? Да се биде или не?

октомври 29th, 2022 631
Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?
Колумна

Има ли поголема демократија од инсталирањето на водачи на државата без избори?

октомври 26th, 2022 616
Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?
Колумна

Најава за комунизам и национализација во нивна најжестока форма... До каде оди лудилото на актуелната власт?

октомври 15th, 2022 601
Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА
Колумна

Миле Ѓорѓијоски: КУЛТУРНИ ПОТСПУШТАЊА

октомври 10th, 2022 531
Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!
Колумна

Во тек е злосторство против сиромашните граѓани на Пијанец и Малешевијата!

октомври 5th, 2022 968
На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски
Анализа

На чуден начин можеби е добро да се појавуваат ликови како Зоран Заев и неговиот следбеник Димитар Ковачевски

септември 30th, 2022 616
Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех
Анализа

Инсталирање на дезертери за премиер на Македонија е порака дека со "фаќање кривини" може да се постигне најголем успех

септември 20th, 2022 752
Што е силата на ВМРО?
Колумна

Што е силата на ВМРО?

септември 16th, 2022 795
Жена на денот
Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

Ева Грин e една од најелегантните femme fatale во светот која држи до својот див карактер

1185
Маж на денот
Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

Дејл Карнеги - Ако судбината ви подари лимон, направете лимонада

2142
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina
Набери здравје

Набери здравје: Шипка (народно Шипци) Latin. Rosa canina

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1473
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202219
Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост
Регион

Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост

Ное 12th, 202219
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.