ИЗВЕСТУВАЊЕ
Почитувани граѓани на Општина Свети Николе .Денес до ОК на ВМРО ДПМНЕ Свети Николе од страна на учесници на вчерашниот протест на земјоделците од Овчеполскиот регион пристигнаа усмени пријави за ВРШЕЊЕ НА ПРИТИСОК И ЗАКАНИ од страна на владејачката структура на СДСМ во Свети Николе .Имено локалното раководство на СДСМ видно вознемирени од вчерашниот демократки чин на земјоделците изразен преку одржување на мирен протест во центарот на Свети Николе ,се дрзнале да ги заплашуваат ,и да им се закануваат на земјоделците кои и онака се намачени и исплашени за својата иднина .Истите овие земјоделци протестираа и кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт,но никогаш не биле заплашувани или некој им се заканувал,напротив секогаш се пристапувало кон дијалог како демократски начин на изнаоѓање на решение .ОК на ВМРО ДПМНЕ Свети Николе НАЈОСТРО ГО ОСУДУВА недемократскиот чин на вршење на притисок врз земјоделците од страна на локалното раководство на СДСМ Свети Николе.
-соопштение на ОК Свети Николе Вмро-Дпмне