Студентите од петта година од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и професорката по предметот Урбанистичко обликување 2, Дивна Пенчиќ го посетија Кочани каде ја истакнаа својата желба за соработка и поддршка Факултетот во делот за урбанистичкото обликување на градот Кочани.
“ На градовите им требаат визии, од тие визии произлегуваат стратегии, па дури тогаш се прават планови и проекти. Во Македонија има некакво сфаќање дека урбанизмот е една работа, економските прашања се друга работа, туризмот е трета работа. Денес планирањето на развојот на градот е една синергија меѓу сите заинтересирани страни, меѓу сите чинители и мора да се почне со силна визија за градот и тоа не краткорочна, туку подолгорочна. Не се работи за тоа некој колку години е градоначалник или колку е на некоја функција, туку се работи за создавање визија и традиција за градот.
Градот Кочани ми се чини дека е е еден од порекламираните градови и попознатите градови во рамките на една поширока држава во којашто живеевме, но и на Балканот. За Кочани се многу важни и овие нови импулси на заштитено поздрачје на користење на геотермални води, на еден пристап на соработка регионална, прекугранична. Сакаме студентите тоа да го видат на лице место, не да седат во клупа, не да креираме за непознат град и за непознати луѓе “
– изјави проф. Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје.
Марија Петрова студент од Кочани, која ќе биде дел од оваа соработка изјави:
– “Моментално сме во фаза на анализа на просторниот развој на Општина Кочани и преку опсежни и длабоки истражувања ќе дадеме наши, студентски резултати и идејни решенија како Кочани може да напредува во просторниот развој” .
Фото: Општина Кочани