Студенти од класата на Прооф. Борис Трајанов од музичката академија- УГД од Штип, со пијано придружба на Елена Силјаноска, ќе се претстават пред штипјани.
Баритонот Трајанов има учествувано во над 700 претстави и над 70 оперски сцени ширум светот, како наше гласовно богатство. Трајанов е и професор по соло пеење на музичката академија при Универзитетот ‘Гоце Делчев’ во Штип.
Студентите од неговата класа редовно учествуваат по концерти и за млади оперски надежи , во придружба со оркестарот на МОБ, а воедно се добитници на награди на меѓународни натпревари.