Обвинението кон Марија Давчевска и нејзиниот партнер Никола Антониевски се за запуштање и малтретирање на деца.
Марија Давчевска пред седум дена се породила, и донела на свет здраво машко бебе, и поради таа причина таа не се појавила на судењето во која заедно со сопругот Никола Антониевски се обвинети за кривичното дело ,,Запуштање и малтретирање на дете.
Судскиот процес не е започнат и тој е одложен за средината на јануари.
На претходните три рочишта, обвиените не доаѓале. Според обвинението тие не го заштитиле животот и здравјето на децата што е нивна должност согласно одредбите од Законот за семејство, и не воделе сметка за живот и здравјето на децата.
Во пожарот кој се случи изгореа Драгана 4 години, Петар 2 години и Теона 1 година. Нивните тела беа пронајдени јагленосани.


