Свети Апостол Вартоломеј е христијански светец, еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос. Се смета дека Вартоломеј и Натанаило се една иста личност. Како Натанаило се споменува единствено во евангелието на апостол Јован, додека во останатите три се споменува како Вартоломеј.
Заедно со апостол Филип и неговата сестра Маријамна, а во едно време заедно и со апостол Јован го проповедал евангелието најпрвин во Азија, па во Индија, Ерменија. Во Ерменија заедно со апостол Филип биле затворени. Според верувањата, во градот Јерапол имало некоја опасна змија, која надбожниците грижливо ја хранеле и ѝ се поклонувале како на Бог. Со Божјата молитва, тој, заедно со Свети Вартоломеј таа змија ја усмртиле. Со тоа врз себе го навлекле гневот на помрачените луѓе. Свети Филип бил затворен и распнат на дрво со главата надолу, заедно со Свети Вартоломеј. Поради проповедање на Христовата вера бил распнат на крст со главата надолу но се спасил затоа што во тоа време се случил голем земјотрес во кој загинале тие што го мачеле, судиите заедно со многу народ, а тој останал неповреден. Тогаш, според верувањата, се отворила земјата и го голтнала судијата и мнозина истомисленици како него. Луѓето, исплашени трчале да ги симнат распнетите светци, но успеале да го задржат само Свети Вартоломеј а Свети Филип веќе бил издивнат.
По ова, Свети Вартоломеј отишол во Индија, каде го проповедал евангелието на апостол Матеј, преведувајќи го на индиски јазик. Потоа се вратил во Ерменија, каде христијаните веруваат дека ја спасил ќерката на царот од лудило. Братот на царот наредил Вартоломеј да биде затворен и распнат на крст, а потоа му ја пресекол и неговата глава. Неговото тело, христијаните го сочувале во оловен сандак. Самиот сандак бил фрлен во морето, кое водата го донела до Липарските острови, каде епископ Агатон го дочекал и го погребал во храмот. Подоцна, моштите биле префрлени во Рим.
Денес посебно значајно место има празникот Вартоломеј, кај народот познат како Вртолум. Кај народот се смета дека овој ден е поврзан со вртењето на сонцето. Имено се верувало дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Свети апостол Вартоломеј е еден од дванаесетте славни Христови апостоли. Тоа се сметало за божја казна кон оние што го клеветеле и суделе.
Варнава (Јосиф) од Кипар е еден од седумдесетте апостоли. Името му било Јосиф, а Варнава е наречен зошто тоа значело Син на Утеха, а тој оставал впечаток на околината по тоа што ги тешел луѓето. Христијанската вера ја ширел и Евангелието го проповедал заедно со апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј кое за време на животот го препишал на рака.
Интересен и впечатлив е адетот на овој ден во Радовиш, каде овој ден се сметал за тежок празник зошто од тој ден сонцето се завртува кон „зимо“. Во овој крај луѓето станувале рано пред сонце за да го видат како ќе изгрее, ќе се затемни и ќе се заврти. Се завртувало еднаш на едната потоа на другата страна. Овде на овој ден и овчарите го одредувале какво ќе биде времето.Го посматрале времето 12 часа и секој час одговарал на еден месец во годината. Поискусните овчари знаеле да ги бележат не само сонцето туку и ветерот од каде дува и со која силина, колку на небото има облаци и со која боја се и каде се движат, дали сонцето пече силно или послабо и по овие знаци погодувале какво ќе биде времето во секој месец, каква ќе биде зимата, какво летото и другите годишни времиња.
