• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Светскиот Македонски конгрес ја отфрла кривичната пријава поднесена од МВР против Тодор Петров како неоснована

април 28th, 2021 Македонија коментари 519

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Светскиот Македонски конгрес ја отфрла кривичната пријава поднесена од МВР против Тодор Петров како неоснована

Партизираната полицијата под контрола на Оливер Спасовски продолжува и понатаму да работи селективно и по партиска политичка линија во одбрана на актуелната власт, врши прогон на сите неистомисленици на власта, и покрај сите забелешки на нивна адреса како на домашни така и на меѓународни организации и институции.

СВР Скопје извести дека поднеле кривична пријава поради непочитување на мерките за заштита на населението од заразни болести по чл. 206 од КЗ против Т.П. (61) од Гевгелија, бидејки на 25.04.2021 организирал протест пред објектите на Влада и Собрание при што според пријавата наводно не биле почитувани мерките за заштита на населението од заразни болести.

Ваквата Кривична пријава инстантно беше отфрлена од Светскиот Македонски Конгрес (СМК) чиј претседател е Тодор Петров.

Во соопштението на СМК стои дека кривичната пријава за Тодор Петров е неоснована при што се образложени причините за ваквата реакција:

“Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за неоснована ја смета поднесената кривична пријава од СВР Скопје до надлежното обвинителство против претседателот на СМК, а во врска со членот 206 од Кривичниот законик поради “непочитување на мерките за заштита на населението од заразни болести на протестот пред објектите на Владата и Собранието на Македонија одржан на 25 април 2021 година“.

СМК потсетува дека организатори на Семакедонскиот протест “Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите“ на 25 април 2021 година пред Владата и Собранието се Македонците во светот и татковината, македонските заедници и организации од Европа, Канада, САД и Австралија.

СМК како меѓународна невладина организација, со други правни и физички лица во Македонија ја обезбеди логистиката во организацијата на Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година пред Владата и Собранието на Македонија.

СМК во согласност со Законот за јавните собири, уште на 5 април 2021 година поднесе формална пријава до СВР Скопје (број 2221-3522/1) за организацијата на Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година! СМК, во пријавата до СВР Скопје, наведе дека “организаторите се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.

“СМК во пријавата до СВР Скопје, наведе дека “учесниците се известени да се придржуваат на протоколите за јавни собири во услови на пандемија со корона вирусот, носење маски и на пропишана дистанца, како и на почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите.

“СМК во пријавата до СВР Скопје, упати молба “за мерки во согласност со Закон за регулација на сообраќајот и попречување на можни опонентни групи и провокатори против учесниците на Семакедонскиот мирен протест.“СМК го извести СВР Скопје, дека ќе го обезбеди одржувањето на редот на јавниот собир и организира редарска служба.

СМК и во соопштенијата до јавноста од 5, 14 и 21 април како јавен повик за масовно учество на Семакедонскиот протест, наведе: “Повикуваме на почитување на протоколите за време на пандемија и почитување на неповредливоста на имотите и неприкосновеноста на животите“, како и “отфрламе навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа!“СМК соопштува дека организатор на Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година не е Тодор Петров!

СМК укажува дека учесниците на Семакедонскиот протест одржан на 25 април 2021 година пред објектите на Владата и Собранието на Македонија ги почитуваа мерките за заштита на населението од заразни болести на протестот!

За СМК е неспорно дека секој против секого има право да поднесе кривична пријава, но СМК очекува СВР Скопје да ја поткрепи својата кривична пријава со докази и сведоци!

СМК ја почитува уставноста и законитоста, барањата за правда, слобода и демократија беа дел од барањата на Семакедонскиот протест, СМК и претседателот на СМК не бегаат од одговорност, доколку Судот со правосилна пресуда неа ја утврди.

СМК и натаму ги поддржува барањата на Семакедонскиот протест одржан на 25 април 2021 година за распуштање на Собранието, оставка на Владата, предвремени избори за пратеници заедно со локалните, раскинување и поништување на Договорот Заев-Борисов и Спогодбата Димитров-Коѕиас!СМК ја поддржува Декларацијата за ослободување на уставобранителите од натамошно извршување на казната и нејзино бришење, и поништување на политички монтираните обвиненија и пресуди на неправедно осудените за настаните во Собранието од 27 април 2017 година.СМК бара Врховниот суд на Македонија да ги поништи пресудите против сите од настаните во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година и да го обнови судењето, поради дополнителни докази за лажни изјави на сведоци и селективен избор на докази и сведоци против обвинетите!

СМК изразува задоволство од Македонците по род и државјанство кои масовно учествуваа на Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година, го победија стравот и срамот од репресија на марионетската Влада на Зоран Заев, и тоа повеќе никој и никогаш не ќе може да го смени! Марионетската Влада на Зоран Заев, поради велепредавство на државата и нацијата, мора да замине во историја и на доживотна робија, со конфискација на личниот имот и имотот на семејството дома и во светот!

Македонците по род и државјанство, на Семакедонскиот протест на 25 април 2021 година одржаа лекција по демократија, за величествен и достоинствен мирен и ненасилен протест, без ниту една материјална штета и со ниту една навреда против било кој, за разлика од вандализмот и деструкцијата на шарената револуција со чија заслуга марионетската влада на Зоран Заев ја продаде честа на нацијата и името на Македонскиот народ и на државата Македонија!

СМК упатува искрена благодарност до сите Македонци по род и државјанство во светот и татковината, до сите политички партии и здруженија на граѓани во Републиката и до сите македонски заедници и организации во светот, за организацијата и учеството на импозантниот Семакедонски протест на 25 април 2021 година! Борбата продолжува до победа и слобода!

Никогаш северна, само Македонија!”

-стои во соопштението на Светскиот Македонски конгрес упатено до јавноста преку социјалните мрежи.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Имиња запишани во Македонската вечност со златни букви: 20 ГОДИНИ ОД МАСАКРОТ КАЈ ВЕЈЦЕ ─ „СИТЕ ЌЕ ИЗГИНЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА…“ ─ СПОДЕЛЕТЕ
Следна објава Драган Ковачки со порака до јавноста за своите загинати колеги и соборци во Масакрот кај Вејце- за бранителите за кои историската вистина е претворена во легенда
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 567
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 544
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 535
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1195
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 517
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 596
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 322
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 406
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 564
Жена на денот
Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

Жешки фотографии од Пом Клементиев (Mantis)

611
Маж на денот
Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

Пирс Броснан- Еден од најубавите и најуспешните мажи во светот

1931
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец-  белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време
Што да се види?

Природен локалитет "Кукуљето" во Пијанец- белег на монументалните траги од минатото и пркос на едно изминато време

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско
Што да се прави?

Пандемијата го спречи одржувањето на големиот народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче, делчевско

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4276
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да го запрат донесувањето на Законот за марихуана
Македонија

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ успеаа да го запрат донесувањето на Законот за марихуана

Сеп 14th, 202118
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.