Земјоделците последниве месеци мака мачат со финансиските удари детерминирани од економската криза која е сеприсутна во Македонија. Вниманието на поединци во власта од она што го манифестираат во јавност е свртено токму кон земјоделието и политичките апели да се произведува повеќе храна затоа што доаѓаат уште по-кризни времиња за храна за населението.
Капак на се во обид за манифестирање на сила и главен дефокус од пцостите кои што целата македонска јавност ги слушна во собранието од устата на Талат Џафери, синоќа истиот тој Џафери наредил да се заклучат вратите на пленарната сала во собранието во која што биле присутни пратеници. На сличен начин како што еден чобан го заклучува своето стадо во шталата, така и Џафери ги заклучи пратениците само од нему познати причини.
Јавно прашуваме дали оваа постапка на Џафери е некоја нова иновативна техника во насока на промоција на сточарството на ниво на шталска демократија????
Ограничувањето на движење во 21 век на слободни граѓани и уште повеќе на претставници на граѓани во храмот на демократијата е незаконско дело но и катастрофално-погубен чин за руинирање на таа демократија за која што секој современ човек се бори.
Во изјава за медиумите координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски ја окарактеризира ваквата постапка на Џафери како срамен чин досега не виден во демократијата.
Атмосферата во собранието наликува на хаос и безредие што може да се види во сл. видео


