Денеска на прес конференција од СДСМ Штип го обвинија локалната власт и раководството на ЈП “Исар” Штип дека распишале оглас за вработување на 100-тина нови вработувања кои што однапред во СДСМ знаат дека ќе бидат партиски вработувања.
На ваквата небулоза одовори директорот на ЈП “Исар” Трајче Здравков дека СДСМ пред да биде казнета од граѓаните лани на минатите избори била таа што го превработувала јавното претпријатие. Во времето на СДС бројот на вработени во ЈП “Исар” Штип бил 343 вработени додека во јули месец 2022 година тој број изнесува 320.
Дополнително директорот Здравков уште еднаш ја алармираше јавноста за дволичната наводна грижа на СДСМ Штип за интересот на граѓаните прозивајки ја СДСМ Штип за лошата финансиска состојба во која го оставиле претпријатието кога им беше дадена довербата на граѓаните да менаџираат со локалните институции.
Тој ваквата состојба ја окарактеризира како опструкција ан претпријатието чија што работа е во нагорна линија и ефикасно ги извршува своите финкции во интерес на штипјани.
Станува збор за регулирање на работниот однос на постојните вработени кои што подолго време работат со Договор на дело согласно законскит обврски кои ги имаат фирмите.