Големо изненадување оваа сезона во Лигата на Шампиони, Тотенхем и Ајакс со меѓусебен дуел во Лондон ќе означат почеток на полуфиналните возбудувањата во најеминетното клупско натпреварување во Европа.
– Имаме одлична прилика да се покажеме во полуфиналето, бидејќи не се случува често клуб каков што е Тотенхем да игра помеѓу најдобрите четири.
Прв пат сме овде, мора да го почитуваме натпреварувањето и да покажеме почит кон ривалот. Ајакс можеби најмногу заслужи да биде помеѓу полуфиналистите.
Што се однесува до двомечот, очекувам да биде тежок и исцрпувачки, но ние сме подготвени. Тешко е да се најде слаба точка во редовите на Ајакс. Почнувајќи од тренерот па до играчите работат феноменално. Многу ме потсеќа Ајакс на нас, бидејќи никој не веруваше ниту во нив дека можат да дојдат до полуфиналето и да се борат за место во големото финале. – изјави менаџерот на Тотенхем, Маурицио Почетино.
Натпреварот во Лондон се игра во 21 часот, а ќе го суди шпанскиот арбитар Антонио Матеу. Во вториот полуфинален меч силите ќе ги одмерат Барселона – Ливерпул.