• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Трајко Славески им одржа професорска лекција на сите приучени креатори на даночни политики во власта на СДСМ

ноември 3rd, 2018 Македонија коментари 798

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

Во продолжение ја пренесуваме интегрално прес конференцијата на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен Министер за финансии во Владата на Република Македонија во кој аргументирано ги образложи штетните политики на власта предводена од СДСМ и Зоран Заев во врска со зголемување на даноците за граѓаните со повисоки прмања преку т.н. инструмент на прогресивно оданочување.

СДСМ е на пат да ја доуништи македонската економија. Поврзано со крајно катастрофалните резултати и перформанси на македонската економија во изминативе 15 до 18 месеци во време на владеење на коалицијата на власт предводена од СДСМ и ДУИ сега конечно се најавува зголемување на даноците во Република Македонија и покрај сите укажувања од страна на јавноста на бизнис заедницата и на граѓаните дека тоа во овој момент за Република Македонија е погрешна мерка.

Имено станува збор за денешната најава дека дефинитивно Министерството за финансии односно Владата на Република Македонија ќе воведе прогресивно оданочување и ќе го напушти концептот на рамен едноставен данок кој што опстојуваше цели 11 години од почетокот на наредната година.

Само да потсетиме на некои ветувања од областа на даночната сфера кои што не се реализираа. Имено, СДСМ отстапи од ветеното враќање на 15 % од прибраниот данок на додадена вредност на граѓаните доколку ги приложат фискалните сметки и оваа реформа или мерка е одложена најверојатно во недоглед. Наместо тоа како што е познато се зголеми акцизата на дизел горивата мерка што значително ги погоди по џебот и граѓаните и земјоделците и бизнис секторот со зголемување на трошокот од вкупно 3.54 денари во услови кога на Светските берзи расте цената на суровата нафта што се одразува на малопродажните цени на горивата. Прашање е до кога македонските граѓани ќе го толерираат ваквото однесување на СДСМ.

СДСМ одлучи да се спротивстави на целокупната бизнис заедница во однос на противењето за воведување на прогресивен данок во Република Македонија.

Само да потсетиме дека се многу јасни укажувањата на сите стопански комори во Република Македонија кои што на почетокот на септември упатија писмено барање за одложување за најмалку 5 години на зголемување на даноците во земјата укажувајќи на крајно штетните последици што тоа ќе ги предизвика за бизнис секторот.

Не само што ќе биде погоден бизнис секторот односно претпријатијата во Република Македонија зголемувањето на данокот директно ќе се одрази на платите на вработените оние кои што ќе бидат погодени со оваа мерка од причина што во систем во кој се исплатува бруто плата работодавачите нема да бидат подготвени да ги зголемат платите за сметка на зголемениот данок и тоа значи намалување на платите на вработените.

Само да повториме на некои од укажувањата на бизнис заедницата и на јавноста во врска со штетните последици на оваа мерка во Република Македонија.

Прво, ова ќе значи притисок врз компаниите да ги зголемат цените поради зголемените трошоци за труд со што ќе се зголеми стапката на инфлација. Понатаму зголемениот персонален данок на доход  едноставно значи пониски нето плати затоа што значи дека работодавачите нема да го понесат тој дополнителен фискален товар.

Зголемените даноци што е многу битно, значат и зголемена даночна евазија, на ова особено истакна бизнис заедницата, пораст на сивата економија. Зголемените даноци значат загуба на работни места заради порастот на трошоците за работна сила.

Зголемените даноци не значат зголемени буџетски приходи. Видовме дека пресметките на Министерството за финансии кои што се проблематични покажуваат дека наводно ќе се прибереле дополнителни 25 милиони евра, а знаеме ние дека само со укинувањето на радио дифузната такса во Буџетот се слеваат помалку средства од оваа предвидена сума.

На проблемите доколку се воведе прогресивното оданочување укажа и групацијата Македонија 2025, околу која се собираат македонски бизнисмени или бизнисмени од странство кои што се по потекло од Република Македонија.

Имено, покрај укажувањето дека ќе се намали бројот на вработени во Република Македонија беше укажано и дека ќе се намалат идните инвестиции. Некои компании веќе најавуваат повлекување од инвестициски вложувања во Република Македонија. Ќе се засили што е особено значајно одливот на мозоци,  затоа што ова ќе ги погоди професионалците, оние кои што со својот труд и со својот ум придонесуваат што пазарот ги вреднува нивните квалификации, личности кои ние по секоја цена треба да ги задржиме во Република Македонија, да не отидат во некоја друга земја која што има подобри даночни услови. На ова укажаа компаниите од информатичките технологии преку нивната асоцијација МАСИТ.

Почитувани,

СДСМ од идеолошки причини фрла дрвја и камења по концептот на едноставни рамни даноци. Нема никаква друга причина, односно објаснување затоа што во моментот преку 20 земји од Европа го имаат имплементирано рамниот данок, трите балтички држави, кои што немаат врска со тоа што беше истакнато денес од страна на министерот Тевдовски со некој социјализам, тие одамна се модерни, современи  функционални пазарни економии. Унгарија, Романија, соседна Бугарија и слично, единствено министерот Тевдовски се повикува на примерот на соседна Албанија, а каде што социјалистичката влада од постојниот систем на рамен данок премина кон прогресивно оданочување.

И што е најважно рамниот данок, анализите покажуваат дека не придонесува за зголемување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Нека се погледнат податоците за таканаречениот Џини коефициент кој што ја мери нерамномерноста во распределбата на доходите кои што во последните пет, шест години во Република Македонија, бележи благ но сигурен пад и е понизок од времето во кое што имавме прогресивно оданочување, а тоа значи пред 1 јануари 2007 година.

Значи да повлечам, СДСМ застана против или наспроти укажувањата на бизнис заедницата, укажувањата на граѓаните, укажувањата на младите професионалци во Република Македонија кои што доколку ова навистина се оствари а најверојатно намерата е да се реализира затоа што Министерството за финансии најверојатно ги има вградено овие мерки во Предлог – Буџетот за 2019 година, значи сето тоа ќе придонесе младите кадри да ја напуштаат и понатаму Република Македонија.

Вториот дел се однесува на најавените козметички мерки за реформа во системот на социјална заштита во Република Македонија предложени од Министерството за труд и социјална политика, предводено од Мила Царовска.

Владата на Република Македонија влегува во опасна авантура со тоа што сака да воведе систем на гарантиран минимален приход, нешто што не постои во Европа и ретко каде во Светот.

Имено, Финска една од најбогатите земји во Европа и најбогата социјална држава експериментираше на околу 2000 вработени во период предвиден од 2 години како ќе функционира системот на базичен доход што е блиску до она што е гарантиран минимален приход и го напушти воведувањето и го одложи во недоглед, сметајќи дека тоа е скапа мерка

За Република Македонија, изедначувањето на социјалната помош со минималната плата ќе има катастрофални последици затоа што ги обесхрабрува они кои што сакаат да работат и со тоа да стекнуваат работни навики, квалификации и итн.

Не е само намерата важна, важни се последиците.

Почитувани,

Ова се случува во период кога знаеме како и оди македонската економија. Нема раст на БДП, не се искористи поволната клима во светската економија за зголемен раст кој што можеше да ја повлече Република Македонија, далеку сме од перформансите од 2007 година кога имавме раст на БДП од 6 проценти и растеа сите големини. Ја спомнувам 2007 година затоа што тоа беше првата поволна година од владеењето ан тогашната коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ кога се случи промена на власта со парламентарните избори во 2007 година.

Сега владее мртвило, сивило а со овие мерки постои опасност да се доурниса македонската економија.

Значи во вакви околности да воведувате минимален приход, ќе повторувам значи изедначување на социјалната помош со минималната плата ќе имаме понатамошно продлабочување на состојбите на пазарот на труд.

Од оваа година од оваа реколта немаше кој да ги собере јаболката во преспа, немаше кој да помогне за собирање на грозјето во Тиквешијата. Останаа несобрани заради недостиг од работна сила и заради големи надници кои што се наметнуваат на пазарот заради овие противречни мерки на Владата. Сакам да кажам дека ќе имаме уште поголеми проблеми.

За пензискиот систем се најавуваат козметички промени. Ние очекуваме дека нешто радикално ќе се предложи затоа што таму состојбите навистина се алармантни со големиот дефицит во фондот на пензиско осигурување. Се оди со повторно зголемување на стапката на придонесот од 0,4% осигурување што од друга страна ќе значи зголемување на трошоците дополнително за работна сила. И некои козметички промени за кои нема значително да ја подобрат состојбата во пензискиот систем и останува некоја идна влада да бара решенија кои ќе бидат трајни.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Анти-Западниот Димитар Димовски "уствари" да ти добил признание од Филип Рикер
Следна објава Арам да ви е денот во кој со темно семе сте зачнати, кога и светлината се засрами
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 532
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 510
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 516
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1162
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 495
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 562
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 301
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 382
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 527
Жена на денот
Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

Софија Лорен- Последната кралица на златното доба на Холивуд

1512
Маж на денот
Скот Аткинс - Боречки  уметник кој го води актерството

Скот Аткинс - Боречки уметник кој го води актерството

1335
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско
Што да се прави?

Голем народен собор кај една од најстарите цркви во Пијанец- Св. Петка Параскева во село Селник, делчевско

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Школството и просветителскиот живот во село Разловци
Што да се види?

Школството и просветителскиот живот во село Разловци

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Така е Антонио! И ние истото би го направиле!
Македонија

Така е Антонио! И ние истото би го направиле!

Апр 8th, 201921
Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори
Македонија

Александар Пандов до Митко Јанчев - Еве ви го Мите, договорот го нема прочитано, ама се испазарил и како му кажале да збори, така збори

Сеп 26th, 201821
Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам
Македонија

Владо Јовановски: На денешнава генерација Македонци, не знам што да честитам

Сеп 8th, 202119
Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години
Регион

Ова се нереализираните проекти со кои Градоначалникот на Карбинци ги измами граѓаните да му ја доверат довербата пре речиси 4 години

Мај 11th, 202119
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.