Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски кого што портпаролот на СДС го оквалификува како анти-западен т.е про-руски елемент на фејсбук на саркастичен начин му одговори на слабо информираниот портпарол кој неоправдано шири заблуди и манипулации со цел за оцрнување на функционерите на опозицијата.
Ова во продолжение е статусот со кој Димитар Димовски го разобличи Костадин Костадинов од СДС.
Јас, Димитар Димовски, кого Коче портпаролот на СДС го нарекува анти-западниот, се извинувам што Соединетите Американски Држави ми оддале признание за посветеноста во склучување на договор помеѓу САД и Република Македонија.
И сарказмот е одговор за овие смешни ликови, нели?
Интересно во целата приказна за тоа кој е анти-западен, обвиненијата ги даваат ликови кои се анти-македонски!