• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија

Трајко Вељаноски им ја “нацрта” вистината директно пред очи

октомври 10th, 2018 Македонија коментари 1130

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Трајко Вељаноски им ја “нацрта” вистината директно пред очи

Поранешниот Претседател на Македонскиот парламент, Трајко Вељаноски од собраниската говорница денеска пред целокупната Македонска и светска јавност низ кратко резиме ја соопшти целокупната вистина за изминатите 18 месеци на турбулентна политичка активност, во врска со Преспанскиот договор и политичките игри на Зоран Заев кој што е носител на оваа операција за промена на името на Република Македонија.

Во продолжение интегрално го пренесуваме неговиот историски говор кој ќе остане да биде светол патоказ за наредните генерации МАкедонци:

Изминативе 18 месеци, наместо државата и власта да се посветат на темите за 500 евра просечна плата, повеќе странски инвестиции или 100.000 денари плата за лекарите, еден потесен круг во владата реши да се занимава исклучиво со менувањето на името и Уставот на Република Македонија.

Истовремено, играњето само на картата на договор со Грција за менување на името и менувањето на Уставот на Република Македонија, овој тесен владин круг реши да го претстави како национален приоритет. Но, националните приоритети изискуваат национална соработка и консензус, што за жал владата не сакаше, ниту се потруди да го постигне.

На пример, ниеден пратеник ниту пратеничка група не беа вклучени во овој национален процес. Ниедна опозициона политичка партија или коалиција не беше суштински вклучена во тие тајни и затворени преговарања. Ниедна група на стручни лица по уставно право, трговско право, меѓународно право или историја не беше поканета на ниту една јавна дебата пред да се потпише Договорот од Преспа, бидејќи власта не ни помисли да организира ниту една јавна дебата. Па, дури и институцијата Претседател на државата, која според Уставот и законите има надлежности во водењето на надворешната политика, беше целосно исклучен од тајните преговори, од консултациите и од потпишувањето на штетниот Договорот од Преспа. Ваквиот тесен круг на политичари реши дека тие и само тие имаат и право, и знаење, и мандат, и визија, и педигре да решаваат едно крупно национално прашање, и со тоа ги потценија и ги оставија на маргините на овој процес и граѓаните, и стручната јавност, и пратениците, и Претседателот на државата.

Да сумирам, ваквото водење на процесот од тесна група на владејачки политичари, наместо јавни дебати за ова национално прашање, резултираше со тајни преговори.

Наместо консензус на политичките партии, создаде партиска поларизација.

Наместо обединетост на граѓаните, доведе до дополнителна поделеност во општеството.

Наместо чувство дека Договорот е дело и нашето општество и граѓаните, се создаде чувство дека се работи за туѓо наметнато решение и за спогодба која ја доведува Македонија во положба на потчинетост и зависност кон друга држава.

Ова чувство на наметнато туѓо решение дополнително се зацврстува кога во споредба ќе се земат изјавите на владините први луѓе од Јануари оваа година, кога тврдеа дека можно е да се постигне решение со Грција без да се менува Уставот на Република Македонија.

Само по 4 месеци, во мај оваа година истите луѓе не уверуваа дека единствен достоинствен компромис со Грција е името Република Илинденска Македонија, и дека тоа е веќе договорено на највисоко ниво, а дека доколку не се прифати тој пакет, Министерот за надворешни работи рече дека како чин на одговорност ќе си поднесе оставка. Ова се показатели дека Договорот не извира од македонските интереси, туку дека е наметнат од другата страна, а Македонија и Собранието се доведени пред свршен чин.

Освен овие суштински недостатоци во процесот, кои доведоа до штетен договор и поделено општество, тесниот владин круг на кој тајмингот на потпишувањето на договорот изгледа му беше поважен од квалитетот на договорот, направи и многу крупни незаконски и противуставни грешки, кои самиот процес го прават неуставен, а самиот договор нелегитимен.

Прво, според Член 3 од Законот за склучување и ратификација на меѓународни договори вели “Меѓународните договори во име на Република Македонија ги склучува претседателот на Републиката“. Овој договор не е потпишан од Претседателот на Република Македонија, што е спротивно на законот.

Второ, самиот чин на ратификација, наместо како што налага Законот и Деловникот на Собранието, наместо да оди преку матичната комисија за надворешни работи, процесот неделовнички се водеше во комисијата за европски прашања. После оваа неуредна ратификација следуваа суштински и законски забелешки од Претседателот на државата, но тесниот владин круг кој брзаше да има Договор по секоја цена, не обрна ни најмало внимание на тоа, напротив, следуваа изјави со потценување и деградирање на таа институција. Тоа доведе денес да имаме еден наметнат и набрзина склучен политички договор, кој ниту е потпишан од Претседателот на државата, ниту е објавен со Службен весник на Република Македонија, што самиот Договор го прави нелегален.

Трето, владиниот тесен круг кој ги исклучи сите други институционални актери од процесот и го погази легалитетот на договорот, реши легитимитетот за истиот да го побара од граѓаните, веројатно како покритие за сите претходни незаконски чекори. И така, Премиерот тука во Собранието даде ветување дека ќе се постапи согласно Уставот и Законот за референдум и ќе се организира задолжителен референдум, како што налага член 120 од Уставот и членовите 23 и 24 од Законот за референдум. Но и тоа ветување не траеше подолго од неколку дена и владејачкото мнозинство, без да ја консултира опозицијата, без да направи јавна расправа со стручната јавност, донесе одлука за консултативен референдум, спротивно на наведените Уставни и законски норми.

Четврто, тесниот владин круг, не се ни потруди да има недвосмислено и едноставно референдумско прашање, не се ни потруди референдумското прашање да го усогласи со опозиционите партии или со Претседателот, туку спротивно на членот 15 од Законот за референдум, реши да скрои што посимпатично тросмислено прашање, повторно прекршувајќи го законот и потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните.

На крајот, малиот владин круг на кој многу му се брза со ова прашање, продолжи со политиката тие и само тие. Тие сами водеа кампања, тие сами определија буџет за кампањата, тие сами одлучија кампањата да се сведе на еднострана пропаганда, тие одлучија да го закупат целиот медиумски простор, тие сами со себе си водеа дебати, тие правеа и објавуваа оптимистички анкети, тие носеа странски гости по свој избор, и тие имаа мнозинство во Државната изборна комисија. За ваквите незаконски и монополизирани постапки власта беше критикувана, но никој не им пречеше во ништо.

И што се случи. Ако го потценувате народот, народот ќе примети и ќе ви врати со иста мерка. Се случи 30ти Септември, референдумот и денот кога мнозинството на граѓаните на Република Македонија, со пасивен отпор, со неизлегување на референдумот, согласно правото на негласање што граѓанинот го има од членот 7 од Законот за референдум, ја победи пропагандата на власта. Ова не е само порака до власта, туку мнозинската волја на народот преку неизлегувањето на референдум е императив, задолжителна обврска за секој пратеник и за Собранието, која гласи, референдумот е неуспешен и народот го отфрли штетниот Договор од Преспа.

Кога народот ќе одлучи така, Собранието нема мандат да ја менува одлуката на народот. Во таа смисла, јас како пратеник, изјавувам дека немаме мандат ниту намера да учествуваме во обидите за менување на Уставот, што е спротивно на референдумската одлука на народот.  Досега одлучивте сами да го водите процесот кој народот ви го запечати со референдумски неуспех, а ако сметате и понатаму дека треба, слободно продолжете во благопријатна атмосфера но да знаете дека нема 2/3 мнозинство за промена на Уставот на Република Македонија.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава "Да се победи противникот без борба"
Следна објава Грета Ван Флит: Незапирлив подем на наредната Рок суперѕвезда
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 716
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 647
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 670
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1326
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 604
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 694
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 369
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 462
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 671
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

658
Маж на денот
Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

Омар Боркан- толку неодолив и убав што бил протеран од родната земја

3106
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Археолошки локалитет "Градиште" во село Град
Што да се види?

Археолошки локалитет "Градиште" во село Град

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад
Што да се прави?

Убавините на регионот: Музиката на Спиковскиот водопад

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче
Што да се прави?

Црковно-народен собор кај црквата "Св. Архангел Михаил" во село Драмче

Неделни топ 5 на Брегалнички
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 2019 339
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 201924
Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша
Магазин

Необично ретка уметност. Ја слика музиката која ја слуша

Сеп 23rd, 201818
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства
Матна Брегалница

Медицинскиот персонал моли за заштитни сретства

Апр 5th, 202017
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.