Земјоделците после лекарите се најголемите херои на денешницата. Во овие тешки моменти на коронавирус, кога светското побарувањето на храна е се поголемо, значењето на земјоделецот доаѓа до израз. Тој е основната алка во општеството. Едноставно е – Нема храна, нема живот!
Земјоделците се луѓе, кои секојдневно го ставаат својот живот на коцка за да произведат храна. Токму од тие причини, државата во овие тешки времиња треба да им помогне на земјоделците да застанат на нозе и да го пребродат овој момент.
За таа цел ги предлагам следните мерки:
1️⃣. Намалување за 5️⃣0️⃣% на закупнината за државно земјоделско земјиште за 2020 година и одложување на крајниот рок за плаќање на закупнина за 9️⃣0️⃣дена од денот на завршување на вонредната стостојба.
2️⃣. Ослободување од пашарина на сите сточари за 2020 година;
3️⃣. Исплата на финансиски средства од ИПАРД за сите земјоделци на кои им е одобрено и имаат набавено механизација и имаат поднесено Барање за исплата со комплет документација; и
4️⃣. Итна исплата на сите заостанати субвенции од претходните години.
Земјоделците заслужуваат подобро❗️