• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Магазин

Убиството на Тодор Александров

септември 23rd, 2017 Магазин коментари 2111

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest

На 31 август 1924 година во месноста “Лопово”, над с. Сугарево во Пирин Планина, е убиен членот на Централниот комитет на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (В.М.Р.О) Тодор Александров.Ова се случило во време на обидите што тој ги презел за организирање конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО и напорите што се преземале во правец на средување на состојбите во организацијата по потпишувањето на Мајскиот манифест во 1924 година.Заземањето на новиот курс по однос на борбата за решавање на Македонското прашање, а подоцна и откажувањето од потписите на Александров и Протоѓеров, создале предуслови за тоа повеќе фактори да се заинтересираат за отстранување на Тодор Александров од лидерската позиција во ВМРО. На пат кон Конгресот на Серскиот револуционерен округ, заедно со него патува и другиот член на ЦК, генерал Александар Протогеров, но по него никој не пука. Тој останува жив, но со сомневањето дека тоа не е случајно.

Подготовка на убиството

По откажувањето од потписите на Мајскиот манифест, Тодор Александров решил да ги среди несогласувањата во сопствената организација, пред сѐ во Серскиот округ, кој во тоа време требало да одржи конгрес. Како што пишува во своите спомени Кирил Прличев, тогаш член на Задграничниот комитет на ВМРО и близок соработник на Александров, состојбите во Петричкиот округ биле загрижувачки поради самоволијата што владееле таму и што ги допуштале тамошните раководители на чело со Алеко Василев, наречен Алеко-паша. Во тоа го поддржувал и Георги Атанасов, резервен полковник на бугарската армија, инаку, несуден зет на Тодор Александров, кој бил свршен со неговата сестра Коца, а свршувачката била раскината. Александров го испратил него да ја контролира работата на Алеко-паша, но наместо тоа, како што тврди Прличев, тој се вклопил во општата атмосфера. Алеко Василев имал причини да се плаши од присуството на конгресот на Тодор Александров, а Георги Атанасов сакал да се одмазди за раскинатата свршувачка со неговата сестра. Откако Алеко Василев видел дека на конгресот нема да победи, бидејќи имал помалку делегати што го поддржувале, сметал дека нема друг излез за борба против Тодор Александров, освен да го убие. Затоа го поканил Тодор официјално да учествува на конгресот на Серскиот револуционерен округ, откако претходно заклучил дека во моментот кога тој ќе оди кон местото на конгресот, ќе треба да биде убиен од двајцата егзекутори Димче Вретенаров и Штерјо Влахов, кои претходно се согласиле со оваа задача. Тие беа испратени да го дочекаат Тодор на падините на Пирин кон Лапово – месност на Пирин каде што заседаваше конгресот. Тодор и Протогеров на 30 август запреле во Горна Џумаја. За обезбедување со себе го зеле Панзо Зафиров. Во едно од селата во Мелничко ги пречекале Влахов, Вретенаров, Димче Балкански и Сугарски, кои воделе две маски на кои ги качиле Александров и Протогеров.

Според спомените на Петар Шанданов, кој имал средба со веќе осудениот лидер на ВМРО на 26 август 1924 година во Ќустендил, значи само неколку дена пред неговото убиство, Александров му се пожалил за затегнатите односи во раководството на Организацијата, велејќи му дека „моите односи со Алеко и Атанасов се затегнати до прекинување“, а освен тоа, „на мое големо изненадување изгледа со нив се ујдисал и Протогеров, а паралелно со тоа е создадена и атмосфера на несогласување и сред емиграцијата во Бугарија, особено во врвот на Илинденската организација“. Притоа, Александров му рекол дека „собрал цело досие со престапи на Алеко и Атанасов“ што се состоеле од „грабежи и убиства“. Знаејќи ја атмосферата што се создавала околу него, Александров од јуни до август 1924 година значи од враќањето во Софија до неговото убиство, дејствувал мошне конспиративно, престојувајќи во Петричкиот округ и во Ќустендил, кај пунктовиот началник Ангел Узунов, криејќи се и од своите најблиски соработници.

Убиството

Тргнувајќи на пат за средување на состојбите во Серскиот револуционерен округ, Александров немал посебно обезбедување освен постојаниот придружник Панзо Зафиров, а Василев и Атанасов му ги испратиле Динчо Вретенаров и Штерјо Влахов за да го пречекаат и, наводно, да го придружуваат до местото на конгресот.

Според верзијата на ВМРО, која најмногу се базирала на кажувањата на неколку лица, директни учесници во тие настани, а пред сѐ исказот на Динчо Мицев Сугарски, Алеко Василев – Пашата, пред Гоце Манолев, Петар Говедаров, Гогата Полски и Никола Хаџиев, во куќата на Говедаров, му наредил нему (на Динчо Сугарски) да отиде од селото Горна Сушица, преку Мелник, во селото Деремислим за да пречека едно лице, кое што требало да го спроведе во селото Лопово. Во наведеното село со него дошле и војводите Штерју Влахов и Динчо Вретенаров, коишто биле блиски со Алеко Василев.

Вечерта на одреденото место пристигнале три лица и целата група заминала во селото Горна Сушица, каде што во куќата на Гоце Манолев пристигнал уште и Динчо Марков Балкански. Овде Вретенаров и Влахов го повикале Динчо Сугарски и Динчо Балкански надвор од куќата и под заклетва им соопштиле дека дојдените лица биле Тодор Александров и Александар Протогеров, им објасниле кој е едниот, а кој другиот, и им кажале дека по патот ќе го убијат Тодор Александров. Според овој исказ на Динчо им било речено дека убиството требало да се изврши по наредба на Алеко Пашата.

Околу 11 часот претпладне, групата во состав: Тодор Александров, Александар Протоѓеров, телохранителот на Александров, Панзо Зафиров, Штерју Влахов, Динчо Вретенаров, Динчо Балкански и Динчо Сугарски, на коњи се упатиле кон селото Лопово, каде што требало да се одржи Окружен конгрес на Серскиот револуционерен округ на ВМРО.

По настојување на Вретенаров и Влахов се тргнало по потешкиот и пострмен пат кон селото, што веројатно било дел од заговорничкиот план. По патот атмосферата била весела и опуштена, при што Александров, не претчувствувајќи ја опасноста, разговарал со Протоѓеров и останатите. Во еден момент групата била престигната од едно момче, кое имало задача да донесе одморени коњи, но тоа незабележано од Александров било запрено од Штерју Влахов, којшто веднаш го вратил назад. На едно планинско изворче, групата застанала да јаде. За цело време на ручекот се воделе разговори по однос на плановите на Организацијата и по однос на борбата на истата со претходната земјоделска влада на Бугарија.

Kога завршиле со јадењето, Александров му ја подал пушката на својот телохранител Панзо Зафиров, но Штерјо Влахов веднаш се замешал велејќи пушката да му ја даде на Динчо Мицов Сугарски за да не носи Панзо две пушки. Динчо Сугарски ја зел пушката, а потоа продолжиле кон месноста каде што требало да се одржи конгресот на Серскиот револуционерен округ. Kога стигнале до Сугарска Река, Александров го подзапрел коњот велејќи: „Ние се најадовме, но коњите немаат уста да кажат дека се гладни, ние треба да се сетиме и да ги оставиме да пасат“. Сите се симнале од коњите, Александров и Протогеров седнале еден до друг продолжувајќи го разговорот, а потоа се навалиле малку да одморат. Панзо седнал малку понастрана од Тодор врз пелерината, а Динчо Балкански го направил истото од другата страна откај Протогеров. Динчо Мицов Сугарски бил кај коњите, четниците Штерјо Влахов и Динчо Вретенаров останале да стојат зад Александров и Протогеров. Само што Тодор ја спуштил главата врз еден од своите два ранца, кој ги симнал од коњот, Влахов и Вретенаров стрелале во него. Во истиот миг Панзо, телохранителот на Александров, скокнал и ја грабнал пушката, но Динчо Балкански бил побрз и го застрелал без да му даде можност да интервенира. Според сведоштвото на Динчо Мицов Сугарски, кој бил сведок на целиот настан, генерал Протогеров, вџашен од тоа што се случило, почнал да вика: „Што се случи, кој пукаше?“ Тогаш Штерјо Влахов му рекол: „Господине генерал, не плашете се, јас го убив Александров затоа што ме нарекуваше кодош и сакаше да ме убие“. Генералот се онесвестил, а Динчо Сугарски, кој сè уште ја имал в раце пушката на Тодор Александров, потрчал да го попрска со вода, да го освести. Влахов и Вретенаров потоа им наредиле на Сугарски и на Балкански да ги приберат труповите на едно место и да ги покријат со гранки и лисја. Kога генералот Протугеров се освестил и прибрал, ги побарал ранците на Александров, ги товарил на својот коњ и тргнале кон Лопово. Пред мракот стигнале во Лопово и биле пречекани од Алеко Пашата и другите делегати.

Извор: Cooltura

 

 

 

  • Ознаки
  • Тодор Александров

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава „Денови на кочанскиот ориз“ – од 26 септември до 1 октомври
Следна објава Бројни манифестации за празникот на Општина Чешиново – Облешево
Може да Ве интересира:
Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“
Забава

Лара и Пајак со дует песна на овогодинешниот Макфест 2022. Слушнете дел од „Bella“

октомври 18th, 2022 616
Револт со нов видео спот за песната "Европа"
Забава

Револт со нов видео спот за песната "Европа"

септември 17th, 2022 516
Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...
Забава

Само фановите на ЛОТР ќе ја сватат шегава...

септември 1st, 2022 567
Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022
Забава

Видео: Целиот настап на "Последен Удар" на Рудар Рок Фест 2022

август 29th, 2022 679
Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите
Магазин

Тркач на 400 метри заврши последен неможејки да се справи со тоа што му паѓаше од гаќите

август 9th, 2022 661
Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип
Забава

Реинкарнација на култниот Рудар Рок Фест во Пробиштип

јули 31st, 2022 637
Ова ли е тоа "бекап на податоци"?
Магазин

Ова ли е тоа "бекап на податоци"?

јули 31st, 2022 632
Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година
Забава

Треш-Метал бендот Пантера најавува светска турнеја за 2023 година

јули 19th, 2022 564
Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор
Забава

Расел Кроу со семејството по 22 години ги посети местата каде го сними култниот Гладијатор

јули 19th, 2022 670
Жена на денот
Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

Џесика Алба- Небесниот ангел кој слезе на земјата

1067
Маж на денот
30 факти за животот на Киану Ривс

30 факти за животот на Киану Ривс

1541
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор
Што да се прави?

Во вторник 14.01.2020 година "Ѕвегорска сурва" ќе ги стопли срцата, и ќе ги пречека сите добронамерници во пијанечкото село Ѕвегор

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото
Што да се прави?

Празнување на Духовден-Педесетница во село Град: Световен собор на селото

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево
Што да се прави?

Денес е Духовден (Педесетница)-Собор на село Град во Делчево

Неделни топ 5 на Брегалнички
Битката за Донбас ќе го реши исходот на војната во Украина
Колумна

Битката за Донбас ќе го реши исходот на војната во Украина

Апр 9th, 2022 1380
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска
Македонија

После караванот-кучиња: Што се однесува до платите на вработените во СЈО, подготвени се законски измени на Законот за јавнообвинителски службеници вели Дескоска

Сеп 21st, 201924
Горазд Росоклија -  ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ
Македонија

Горазд Росоклија - ЕДНА МИСЛА ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Мар 12th, 201923
Голем потрес во Холивуд- Филмските студија на Метро голдвин Мејер (МГМ) купени од студиото на Амазон
Забава

Голем потрес во Холивуд- Филмските студија на Метро голдвин Мејер (МГМ) купени од студиото на Амазон

Мар 18th, 202223
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.