Им се заблагодарувам на сите кои, на еден или друг начин, ми посакаа убави нешта во Новата 2020-та година. Сепак, нешто (така барем мислам) заборавија.
Заборавија да посакаат во оваа година што помалку да пишувам/пишуваме за неубавите и обесчовечувачки работи, за да можеме (барем еднаш во животот) да живееме според редот на нештата: осум часа работа + осум часа забава + осум часа спиење.
Меѓутоа, не затапувачко, туку окрепнувачко спиење, за да можеме наредниот ден да го повториме природниот циклус: осум часа работа + осум часа… бидејќи само така ќе можеме да човекуваме, наместо само да постоиме/траеме, оти и каменот и дрвото постојат. Меѓутоа, тие не човекуваат.
Уште помалку човекуваат/векуваат.



