Додека македонска јавност чека да чуе што ќе се менува во бугарските учебници по историја и дали споменикот „Воинот на коњ“ ќе биде демонтиран и пренесен во непознат правец, за сметка на „Стаклениот тркач“ од Атина, ќе се послужам со еден виц, даден во две веризии.
Прва верзија: „Си живееше еден човек. Си живееше, си живееше и си живееше. Така, со години. И, еден ден, се ожени/омажи. Животот негов човечки, заврши.“
Втора верзија: „Си живееше еден човек. Си живееше, си живееше и си живееше. Така, со години. И, еден ден, премина во политиката. Животот негов човечки, заврши.“