Велат дека македонскиот народ бил слаб народ, што е неточно. Ставете ги Јапонците во ситуација во која Македонија со децении се наоѓа и за само два-три дена илјадници Јапонци, неможејќи да издражат, ќе извршат ритуално харакири.
Меѓутоа, токму јаката страна на македонскиот народ (издржливоста) е неговата слаба страна, бидејќи многу издржува/поднесува. Затоа, правото прашање е како да се најде златна средина помеѓу издржливоста, од една страна и, од друга, ефикасноста, односно моќта да дејствува и да менува.