Мислев нешто да напишам, односно барем малку да онадуам. Меѓутоа, после она онадуење престана да ми се онадуе (односно, пишува), па моето онадуење ќе го оставам за некоја друга пригода. Башка, во студиото веќе се појавија двајца експерти, па мислам дека успешно ќе го онадуат претходното онадуење. Згора на сè, почитувани, не ми се ни м’рчи. Мислам дека ќе ја разберете мојата одлука вечерва да не онадуам.
Инаку – мислам дека ќе се согласите – дуелтот беше дуел над сите дуели. Ма, како дуел на деценијата? Вакво нешто, некој и да сака, не може да го повтори. Уникатноста во Македонија и понатаму останува нејзина битна карактеристика.
Пријатно и секое добро, секому. До следното онадуење.