Во теологијата, особено во периодот на патристиката, се поставувало прашањето што правел Бог пред да госоздаде светот. Значи, што правел кога немало ништо. Некои теолози, незнаејќи го одговорот, бесно одговарале дека го создавал пеколот за оние што поставуваат вакви прашња. Умниот Аврелие Августин сметал дека таквиот одговор е несериозен и дека е почесно да кажат дека не знаат, отколку да се служат со таков одговор. Истото прашање/дилема може да се преиначи и да гласи: „Што правеле политичарите пред да почнат практично да се бават со политика?“ Во овој случај, сметам дека поприфатлив би бил одговрот на првите теолози, отколку на Августин. Имено, одговорот би бил дека го подготвувале пеколот за сите, освен за себе
Љубомир Цуцуловски: ШТО ПРАВЕЛЕ?
