Ги повикувам сите Македонци по крв, по род и по самосвест да започнат, секој индивидуално, со следново:
- Сите називи на ваши фирми, невладини, разни приватни организации, институции, друштва да ја внесат придавката МАКЕДОНСКИ/ MACEDONIAN.
- Да отпочнеме масовна операција, секаде каде што ќе се свртите, на секоја продавница или канцеларија да стои натпис покрај вашето лого и назив: Македонско…Macedonian ( Macedonian shops, Macedonian restaurants, Macedonian business, Macedonian brand, Macedonian company, Macedonian NGO etc.)
- Секој кој може да отпечати налепници со шеснаесто кракото сонце од Кутлеш или да го изгравира на метална значка во боја тој наш македонски национален симбол, како и разни други иновативни идеи поврзано со придавката “македонски/macedonian”, со македонската национална симболика, со се изворно и исконско македонско.
- Дијаспората да формира насекаде низ светот Македонски национални стратегиски совети и да започнеме одново и партнерски да ги градиме врските со татковината на основа на единство и сплотеност врз безвремената македонска идеја. Да го отфрлиме од македонското национално ткиво секој болен елемент кој сее раздори помеѓу браќа и кој работи за “туѓи бели дворови”.
- Секој кој може финансиски да поддржи една ваква масовна операција, особено крупните бизниси и дијаспората да се вложи целосно во процесите.
Запамтете, визуелниот ефект на неуро маркетингот има огромна моќ. При грмотевица, прво окото реагира и прво сликата се гледа. Звукот или зборот доцни во умот на човекот. Затоа да стане ВИДЛИВО ЗА СЕЧИЕ ОКО македонското/ the macedonian…
Ајде сите заедно, партнерски и во полн личен лидерски капацитет да пратиме моќен одговор на безвернициве, безрбетнициве кои ни брцаат во зеницата на најсветото ни чувство на етничка македонска идентитетска припадност и определба.
Ајде да покажеме и докажеме на светот дека не има, дека воскреснуваме сплотени и моќни повеќе од било кога досега…
Македонци од Македонија, Македонци од Пирина, Беломорието егејско, Македонци од светот, браќа и сестри Македонци подадете си рака едни на други, прекинете секакви делби и раздори едни со други, сплотете се како никогаш досега, обединете се под крепката рака Божја во името Христово, бидете цврсти и храбри, непокорни кон никого, горди и достоинствени, силни како нашите славни претци низ големата ни наша историја, Македонци браќа и сестри бидете ЕДНО, дишете, мислете и делувајте како ЕДНО во тело, срце и душа и со сето срце, душа и разум како за Господа.
Ајде…главата горе! Нема попуштање во нашиот пркос, порив и ревност за Македонската идеја, Македонци мои, браќа и сестри.
СПОДЕЛУВАЈТЕ МАСОВНО…
И НЕКА Е БОГ СО СИТЕ ВАС.
БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ МАКЕДОНИЈА И ВАС ДРАГИ МОИ МАКЕДОНЦИ КАДЕ И ДА СТЕ…