• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Љубомир Цуцуловски: СКАЗНА ЗА МАКЕНЦИТЕ И БУГАНЦИТЕ (1) и (2)

јуни 23rd, 2019 Македонија, Став коментари 702

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Љубомир Цуцуловски: СКАЗНА ЗА МАКЕНЦИТЕ И БУГАНЦИТЕ (1) и (2)

(1)

Постоеле некогаш две земји. Едната се викала Буганија, другата Макенија. Во Буганија живееле Буганци, во Макенија Макенци. Од некои чудни причини, некои Буганци-историчари сметале дека Макенците не се Макенци, туку се Буганци. Некои умерени Буганци не го доведувале во прашање постоењето на Макенците. Меѓутоа, за нив било интересно прашањето за потеклото на Макенците. Според нив, Макенците некогаш биле Буганци кои низ историјата преминале во Макенци. Притоа, оваа група Буганци се поделила. Едни сметале дека Макенците, како резултат на повеќе историски и социјални околности, веќе се Макенци и дека Буганците треба да се помират со тој факт. Другите Буганци, од “фактот” дека Макенците некогаш биле Буганци, заклучувале дека Макенците се однародени Буганци. Затоа, сметале дека заблудените овци (Макенците) треба да се вратат кон матичното стадо – кон Буганците. За тоа време, Макенците живееле онака како што единствено можеле да живеат – како Макенци, бидејќи тоа биле. Што и да кажеле Буганците, Макенците го живееле својот макенски живот, нечувствувајќи потреба да го докажуваат своето постоење. Зарем, размислувале Макенците, нештата што постојат имаат потреба некому да го докажуваат своето постоење? Нештата постојат независно од тоа дали некој го признава нивното постоење. Додуша, во моменти на заеднички средби со Буганците, кога овие го доведувале во прашање нивното постоење и потекло, Макенците умееле итро да одговорат на сите забелешки од Буганците. Како што често бидува, секој Макенец имал специфичен одговор на проблематичните гледања на Буганците-историчари.

Некои чешит Макенци хипотетички прифаќале дека се Буганци. Меѓутоа, продолжувале да се шегачат, ако Макенците се исто што и Буганците, следи дека Буганците се Макенци, но без свест за својата макенска природа. Бидејќи, пак, Буганија се наоѓа источно од Макенија, образлагале овие Макенци, следи дека Буганците се Источномакенци, но без свест за својата макенска природа. Затоа, треба да се вратат кон своите макенски корени, како што и сè во овој свет се враќа таму од каде што потекнало. Така се шегачеле некои Макенци.

Други Макенци, склони кон иронизирање, извлекувале други необични заклучоци. Сметале дека сите суштества, вклучувајќи ги и Буганците, не се ништо друго освен амеби. На ваквите тврдења Буганците гледале со чудење. Но, ироничните Макенци своите тези логично ги објаснувале. Ако на работите се гледа така како што гледаат Буганците (дека Макенците се Буганци, бидејќи потекнале од нив), тогаш мора да се почитува фактот дека луѓето потекнуваат од човеколики мајмуни. Мајмуните, пак, потекнуваат од… И така, ќе се стигне до амебите. Според тоа, иронизирале овие Макенци, сите суштества се амеби, меѓутоа без свест за своето амебозно потекло.

Постоеле и цинични Макенци. Тие, како и другите Макенци, условно прифаќале дека потекнуваат од Буганците, сакајќи работите да ги доведат до апсурд. Ако се прифати тврдењето дека Макенците потекнуваат од Буганците, тогаш ќе мораат и едните и другите да се соочат со чудни заклучоци. Имено, тоа би значело, циничеле циничните Макенци, дека дел од Буганците, благодарение на историскиот развиток, еволуирале во Макенци, додека другиот дел и понатаму останал тоа што е – Буганци. Тоа би му дошло, продолжувале овие цинични Макенци, како историска стагнација. Или, не дај Боже, историска инволуција. Ова предизвикувало бучни реакции кај Буганците Меѓутоа, циничните Макенци предупредувале дека таквите заклучоци се неизбежни (макар непожелни), ако се следи логиката на етногенезата, на која некои Буганци инсистирале.

Така, се раскажува, спореле Буганците и Макенците. Оттогаш, изминале многу години, но сеќавањата за нивните спорења се задржале и јас само се обидов да пренесам дел од нив. Притоа, знам дека Макенците живееле какао Макенци, бидејќи тоа и биле. Секогаш кога ќе се сетам на оваа сказна, која некои Буганци ја застапувале, помислувам дека кога одредени луѓе не поседуваат ништо во сегашноста од кое би можеле да го црпат својот живот кога, значи, животот духовно им станал ништожен и празен, тогаш се свртуваат кон минатото, сакајќи во него да најдат материјал/храна/оправдување за својот сегашен живот. Во таквите мигови, кога на овие луѓе им недостигаат сили за нивниот живот, не им останува ништо друго освен да раскажуваат разни празни сказни, бидејќи животот им преминал во грозно празна сказна.

П.С. Сказната првпат ја објавив во „Утрински весник“ од 25.03.1999 год., стр. 21. Значи, пред дваесет години. Потоа, ја преобјавив во книгата „Празни сказни“ од 2002. Сега само ја пренесов во нешто скратена верзија.

Пријатен и добар викенд на секој Макенец. Од еден Макенец.

(2)

Вчерашниот пост претставуваше разговор/дијалог меѓу мене и Жељу Желев, доктор по филозофски науки и некогашен претседател на Бугарија, преточен во расказ. Во март 1999 год. (мислам дека беше на 19-ти март) во посета на Филозофскиот факултет беше Желев. Ја посети и Библиотеката за филозофија. Присутни бевме поголемиот дел наставници од Институтот за филозофија. Спонтано, стана збор за теоријата на етногенезата, која Желев ја застапуваше. Рече дека Македонците биле (по потекло) етнички Бугари. Слушајќи го, му укажав дека ако се следи логиката на етногенеза, тогаш би морале да се враќаме во историјата и, враќајќи се, ќе дојдеме до приматите/мајмуните од кои настанале луѓето и, покасно, нациите. Од тоа би следело дека сите сме мајмуни. Од своја страна, и приматите морале да настанат од нешто друго. Тоа нешто друго морало да настане од нешто друго, кое (исто така) настанало од нешто друго. Така гледано, нагласив, ќе стигнеме до амебите. Укажав и на други последици, кои произлегуваат од неговиот став дека Македонците (во етничка смисла) се Бугари. Го потсетив дека ако Македонците се Бугари, тогаш Бугарите се Македонци. Не сум сигурен дали ги сфати сите последици, кои резултираат од неговиот став во објаснувањето на настанокот/генезата на одредена конкретна нација (во случајов, македонската), бидејќи настанувањето на секоја нација е многу посложен процес, отколку што тоа може да го објасни теоријата на етногенезата, за која се залагаше.

Така, настана расказот „Сказна за Макенците и Буганците“. Меѓутоа, за жал, некои и натаму тапоглаво инсистираат на оваа теорија, неводејќи сметка за последиците од неа, вклучувајќи ги и оние последици кои директно ги погодуваат токму нив, а не и Македонците.

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Разловчанка Македонска: Наметната реалност
Следна објава Крум Николовски пред паметникот на Гоце Делчев: -Кажи бе дека си Македонец, оти ке ни стават вето за ЕУ
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 564
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 542
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 533
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1193
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 512
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 595
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 321
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 404
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 560
Жена на денот
Гламур како инспирација за секојдневието

Гламур како инспирација за секојдневието

2737
Маж на денот
Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

Џим Морисон и работите кои никогаш не излегле во јавност за него

1903
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој
Што да се прави?

Планината Голак- прибежиште за партизаните, бојно поле за комитите и значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО
Што да се прави?

Спецификата и убавината на "Ѕвегорска сурова" вреди да биде заштитена под УНЕСКО

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско
Што да се види?

Митот за пештерата "Коњска дупка" во село Град, делчевско

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)
Историски документи

"Панонските Легенди"- Житие на Св. Кирил и Св. Методиј (Цел текст)

Мај 24th, 2020 4275
На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево
Регион

На „Светите браќа Кирил и Методиј“, македонски и сесловенски просветители, во Делчево

Мај 26th, 201962
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

Ное 15th, 202219
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

Ное 21st, 202218
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.