Замислете ситуација кога на граничен премин еден од службениците му вели на возач од скандинавските земји
” Добредојдовте во Република С…… Македонија”.
И замислете одговор од тој возач
“Не не. Ова е Македонија “
Ова не е измислена ситуација туку вистинска случка во која, за жал, сфаќаме дека некој што нема никаква врска со нашава држава, има повеќе почит кон неа од некои партиски потрчковци…
Тие потрчковци во секоја ситуација го употребуваат зборот на с пред нашето уставно име.
Веројатно имаат наредба да го повторуваат тоа за да ни влезе во глава, но нема да успеат.
Постојано повторуваат дека новото име е реалност и дека треба тоа да го прифатиме и да продолжиме напред.
Но реалност беше и власта на Османлиите, и окупацијата од соседите за време на балканските војни, и фашистичката окупација во Втората светска војна …
Реалност беше и данокот во крв, и грабањето и потурчувањето на девојките…
Сето тоа било реалност но Македонците никогаш не се помириле со таа реалност затоа што тоа им задирало во честа, во гордоста…
И овојпат нема да се помириме со наметнатата реалност.
Ќе истраеме!
Ќе се избориме и ќе ја пратиме на темната страна на историјата оваа предавничка, ненародна власт, а во иднина, историјата ќе зборува за новиот Квислинг со IQ како и неговите иницијали (З.З)…