• Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
  • Follow us
    • Facebook
    • Twitter
    • Youtube
    • Instagram
bregalnicki.mk
  • Импресум
  • За нас
  • Маркетинг
  • Авторски права
  • Контакт
bregalnicki.mk
  • Основна
  • Регион
  • Македонија
  • Свет
  • Магазин
  • Колумни
  • Интервју
  • TV
Насловна
Македонија
Став

Љубомир Цуцуловски: СКОРО ТРИ ДЕЦЕНИИ…

март 12th, 2020 Македонија, Став коментари 690

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Љубомир Цуцуловски: СКОРО ТРИ ДЕЦЕНИИ…

Проблемот на македонската политичка сцена не е што на изборните листи има луѓе кои немаат никакво или само скромно политичко искуство, бидејќи постојат моменти кога политичкиот ангажман е неопходен. Проблемот, исто така, не е што некои имиња со години не се тргаат од листите, како да се незаменливи. Проблемот е, според мене, во тоа што на листите се наоѓаат имиња на луѓе, кои цело време биле жестоки противници на политиката на одредена партија; што своите ставови и „симпатии“ ги менуваат од денес за денес, заборавајќи на утре. Накусо, во тоа што се прават коалиции (лични и партиски) со краток рок на важење. Овој манир на однесување трае скоро три децении. Кога настаните и проблемите се повтроуваат, човек почнува да се повторува со своите ставови/коментари. Тоа е единствената причината зошто повторно преобјавувам сказна. Во неа, претпоставувам, повеќето читатели ќе ги препознаат двете тогашни партии – ВМРО-ДПМНЕ и Демократска алтернатива (ДА)

„Партијата за која ми раскажуваа не била безимена. Напротив, имала славно минато. Нејзина цел била на демократски начин да постигне национално единство. Затоа и се викала Демократска партија за национално единство – ДПНЕ! Набргу сфатиле дека додавката ‘демократска’ е непотребна, бидејќи јасно било дека е демократска. Името го смениле во НЕ. Значи, во партија за Национално Единство. Некои сметале дека НЕ е опозициска и револуционерна партија, бидејќи на тоа укажува и нејзиното име – НЕ! Некаде во тоа тоа време се формирала и партијата Друга Алтернатива. Скратено – ДА! Тешко можеле да се разберат целите на партијата. Не било јасно на што е алтернатива. Меѓутоа, многумина заклучувале дека партијата ДА е спротивна на партијата НЕ, бидејќи ‘не’ е антипод на ‘да’, како што и ‘да’ е антипод на ‘не’. Меѓутоа, заклучок бил неоснован. Партијата НЕ навистина била против старите нешта. Но, борејќи се против нешто, таа се борела за нешто – на пример, кога некој ќе ѝ рече НЕ на неправдата, тој во истиот момент вели ДА за правдата. Животот е, со други зборови, многу посуптилен отколку што изгледа. Оттука, НЕ е ДА. Од друга страна, секое ДА не е секогаш ДА. Ако се тврди дека некое однесување е неправедно, со тоа се одрекува дека е праведно. Следи дека ДА (на пр., ‘ДА, ова е неправда!’) е НЕ (на пр., ‘Не, ова не е правда!’). Значи, НЕ е ДА, а ДА е НЕ. Оттука, НЕ и ДА не се различни партии.

Затоа, лидерите на двете партии заклучиле дека нивните партии се сестрински. Со тоа се согласило и партијското членство, бидејќи какво е тоа партиско членство кое не се согласува со партиското раководство? Се дошло и до идејата двете партии да се обединат или, барем, да коалицираат. Меѓутоа, животот покажува дека проблемите искрснуваат кога најмалку се очекуваат. Настанал спор околу името на новата партија/коалиција. Дилемата била по кој редослед да бидат поставени имињата на партиите. Ако на почетокот биде ДА, тогаш името би било ДАНЕ, што упатува на машкост. Но зошто, прашувале другите, на почетокот да биде ДА, кога НЕ е постара и побројна партија? Затоа, предлагале името да биде НЕДА. Меѓутоа, првите сметале дека името НЕДА асоцира на женско – на нешто слабо, кревко и нежно. Тоа, пак, не било во согласност со револуционерната традиција на НЕ. Всушност, НЕ е НЕ, бидејќи на с вели НЕ. Односно, каква е таа револуционерност која започнува со ДА? Меѓутоа, и другите вешто одговарале. Сметале дека женственоста, сама по себе, не е лоша. Потсетувале дека само од женственоста може да се роди новото, што значи револуционерното, бидејќи мајчинството е женски принцип.

Работите уште повеќе се усложниле кога дошло време да се избира нов претседател на државичката Бивша Република на Четирите Волци. Во скратена форма, Бивша Република. Притоа, ретко кој умеел да каже кога се случила промента на името, а со неа и замената на државата. Полемиката се разжестила што во прашање дошло постоењето на коалицијата, против која, во меѓувреме, станало и партиското членство. Сметале дека коалицијата НЕ и ДА е непринципиелна, сеедно што, дијалектички гледано, НЕ и ДА претставуваат исто и сеедно што челникот на ДА принципиелно се залагал за принципиелна коалиција. Повремено (но само повремено!) бил и за непринципиелни коалиции, ако се принципиелно постигнати. Тој секогаш бил ЗА и затоа неговата принципиелна партија принципиелно се викала ДА.“

(Сказната „НЕ и ДА“ првпат ја објавив во „Дневник“ од 24 август 1999, Скопје, стр. 8. Денес ја пренесувам во нешто скратена форма.)

Пишува: Проф. љубомир Цуцуловски

Пренеси го гласот:

Facebook Twitter LinkedIn Pinterest
Претходна објава Секој Македонец е важен! Пријавени 7508 Македонци за гласање во ДКП
Следна објава Новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашување, стои во најновиот извештај на Стејт Департментот за Македонија
Може да Ве интересира:
Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

ноември 23rd, 2022 706
Општина Штип е една од најштедливите општини во државата
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

ноември 23rd, 2022 643
Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП "Стипион" Штип 21.11.2022 година

ноември 21st, 2022 666
Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните "вријат" за избори

ноември 21st, 2022 1322
Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни
Македонија

Ова се барањата на студентите кои што премиерот Ковачевски не ги исполни

ноември 15th, 2022 599
Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина
Македонија

Со вакви студенти Македонија нема потреба да се секира за својата иднина

ноември 15th, 2022 692
Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите
Македонија

Еве кој преговара со премиерот за подобрување на стандардот на студентите

ноември 15th, 2022 367
Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица
Македонија

Прием на локалното Здружение на пензионери во општина Македонска Каменица

ноември 14th, 2022 458
Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?
Македонија

Проблеми во Советот во општина Кочани: Дали ќе гледаме нови избори за советници?

ноември 14th, 2022 667
Жена на денот
Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

Брижит Бјанка Ван Дам-опасна како и татко и'

656
Маж на денот
Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

Џуд Ло - Романтичар , скриен помеѓу принципиелноста

2204
Најнови објави
Апр 1st 9:54 AM
Регион

Народот во Делчево се буди! Масовно пристапуваат во Месните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во цела општина

Ное 23rd 6:05 PM
Македонија

Општина Карбинци ги затвора сите депонии низ општината

Ное 23rd 5:36 PM
Македонија

Општина Штип е една од најштедливите општини во државата

Ное 23rd 5:18 PM
Регион

Донација со опрема за ЈП “Солидарност” Виница од нивен сограѓанин кој живее во Швајцарија

Ное 23rd 4:53 PM
Регион

Реализирани дневни активности на ЈП “Стипион” Штип 23.11.2022

Ное 22nd 10:00 AM
Регион

Кој и зошто им ја секнува водата во домовите на жителите на с. Град, делчевско?

Ное 21st 10:04 PM
Македонија

Извештај за реализирани дневни активности на вработените на ЈП “Стипион” Штип 21.11.2022 година

Ное 21st 6:24 PM
Регион

Нова мерка на Градоначалникот на Карбинци за помош на граѓаните во актуелната криза

Ное 21st 2:08 PM
Регион

Улицата “Браќа Даневи” во Штип- целосно раскопана. Граѓаните да се стрпат додека трае реконструкцијата

Ное 21st 11:22 AM
Македонија

Анкетите се немилосрдни кон владеачката СДСМ: Граѓаните “вријат” за избори

Прошетај по Брегалница
Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија
Што да се види?

Започна постапка за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје од V-та категорија

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот
Што да се види?

Планината Голак- Значаен но неискористен туристички потенцијал за економски развој на Делчево и регионот

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)
Набери здравје

Приказната за Пијанечкото "Модро Злато": Сина слива (Лат.Prunus domestica)

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност
Што да се прави?

Хидрографски карактеристики на Делчево и дел од Брегалничкиот регион-предуслов за развој на зголемена стопанска дејност

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната
Што да се прави?

Ова место е благословено од Бога: Убавината на Манастирот Св. Богородица- Балаклија во Делчево е надалеку позната

Неделни топ 5 на Брегалнички
Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната
Македонија

Како Бујар Османи го крши законот за употребата на грбот, знамето и химната

Окт 15th, 2019 1470
Авторски права
За нас

Авторски права

Мар 28th, 201926
Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост
Регион

Повик за учество во културно-уметничката програма „За подобар видик“ од Општина Кочани по повод 3 декемри, Денот на лицата со попреченост

Ное 12th, 202219
Вистината боли, но таа е!
Матна Брегалница

Вистината боли, но таа е!

Сеп 4th, 202218
Сакаме вакви дресови
Матна Брегалница

Сакаме вакви дресови

Сеп 22nd, 201918
Архива на статии
  • Градоначалник
  • проекти за граѓаните
  • Штип
  • Колумна
  • комунални работи
  • ВМРО-ДПМНЕ
  • Кочани
  • Љупчо Папазов
  • Иван Јорданов
  • Македонска Каменица
  • ЈП "Стипион"
  • Виница
  • Игор Ефтимов
  • Миле Петков
  • Димче Атанасовски
  • Гоце Марков
  • Локални избори
  • Општина Лозово
  • СДСМ
  • Бошко Цветковски
  • соработка
  • Дарко Тодоровски
  • Делчево
  • инфраструктура
  • Карбинци
  • 2021
  • Виктор Паунов
  • Кирчо Анастасов
  • Свети Николе
  • Совет
  • став
  • Комунално претпријатие
  • Спорт
  • улици
  • Дејан Владев
  • ЈП "Солидарност"
  • образование
  • Русија
  • култура
  • Украина
  • ЈП "Камена Река"
  • граѓани
  • Чешиново- Облешево
  • Пробиштип
  • САД
  • Поезија
  • Христијан Мицкоски
  • екологија
  • војна
  • Пехчево
Наш Instagram дом
[instagram-feed feed=1]

IMPRESUM : ЗА НАС : МАРКЕТИНГ : КОНТАКТ
Авторски права: © Брегалнички.мк [Вести од исток] 2021 © Сите права запазени.

Овозможено од: SERVING BUSINESSES I DEVELOPING PROGRESS Anastasov Ltd.