Ваквите констатации не треба некој од надвор да ни ги соопштува, затоа што секојдневно Македонските информативни сретства се предмет на притисок по различна основа од страна на властите на сите нивоа во државата и во поголем дел јавноста е свесна за ваквите аномалии.
Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој покрај притисоците и заканите врз медиумите и медиумските работници ги наведува и останатите негативни точки од извештајот на Американскиот стејт департмент кој се однесува на Република Македонија:
“Извештајот на Стејт Департментот за минатата 2019 година за почитување на човековите права јасно покажува како функционира и работи Владата на Зоран Заев и СДСМ изминатите години, истакнува Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Корупција и криминалот на функционерите на СДСМ во владата се најглавниот проблем во Република Македонија, за кој ние како политичка партија говориме целиот изминат период откако Зоран Заев е на власт. Зоран Заев и СДСМ донесоа само криминал, корупција и рекетирање. Стејт Департментот во најновиот извештај нотира дека Високата корупција е и натаму голем проблем во државата, а постојат и извештаи каде што државни службеници се вклучени во корупција. Ова е најглавниот проблем, еден од многуте на оваа влада, вели тој.
Арсовски оценува дека сериозен проблем за човековите права во Македонија претставуваат ограничената независност на судството, политизираниот Судски совет и несоодветното финансирање, што и натаму ја спречуваат ефикасноста на борбата против корупцијата.
-Практично, Зоран Заев и СДСМ, наместо да се борат против корупцијата заедно со институциите, тие заедно со функционерите, заедно со Катица Јанева и другите е вмешана во најголемиот случај на РЕКЕТ во Република Македонија го достигнаа оваа ниво на криминал и корѕпција. Заев наместо да се бори против корупцијата, тој ја прошири на целата територија на Република Македонија. Претходно беше само во Струмица, а сега е во целата држава. Многу важно е да се потенцира дека во најновиот извештај стои дека новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашувања. Во моментов имаме пресуди против новинари кои се критички настроени кон владата, притисоци врз медиуми, се вршат истраги врз медиуми кои ја изнесуваат вистината за криминалот на власта и најверојатно наредната година кога ќе излезе извештајот за 2020 година сите овие работи ќе бидат нотирани. Ова е вистината како Заев и СДСМ владеат и ја тероризираат Република Македнија. Корупција, криминал, рекетирање, вмешаност на нивните функционери во корупција и нормално, сето тоа да се прикрие преку заплашување, притисоци и осуди врз медиумите и новинарите. Ова е мислењето на меѓународните партнери за актуелната влада на СДСМ и Заев. После 12 април ова зло кое ја преплави Република Македонија со криминал и корупција мора да си замине и веднаш после 12 парил да отпочне Обновата на Македонија. Имаме тим, имаме визија, а имаме и енергија и волја да го срушиме хибридниот режим на Заев кој беше оценет и од угледниот Економист, наспроти истрошените кадри на СДСМ и Заев. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев сега кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката и да одговара за сe што направил, рече тој.
Портпаролот порачува дека ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите на 12 април.”