Со симболична прес конференција Унијата на Млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги потсетија делчевчани на остварените проекти за младите во Делчево од страна на актуелниот градоначалник на општина Делчево од редовите на СДСМ, при што на сликовит начин ги прикажаа и позначајните проекти реализирани за млади од страна на претходниот графдоначалник од ВМРО-ДПМНЕ.
Денеска УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево имаше и редовен работен состанок на кој се разговараше за актуелната политичка ситуација во државата при што беше апострофирано прашањето во врска со претстојниот референдум за промена на името, уставот и идентитетот на Република Македонија и Македонскиот народ.
Од страна на присутните членови едногласно беше потенциран ставот дека тие како членови на ВМРО-ДПМНЕ не се слижуваат со ваквиот однос на институциите како и манипулациите кои се прават во целава кампања во изминатиот период од страна на власта и дека нема да поддржат никакво прашање за промена на името на Република Македонија по никоја цена.
Погледнете ја во продолжение прес конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот Кристи Стојковски