Денес пред почетокот на седницата на Советот Општина Штип, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес на која обвинија дека градоначалникот Бочварски не си ги исполнува своите ветувања и наместо пари за капитални инвестиции истите ги пренаменува за партиски вработувања. Иван Јорданов за медиумите изјави.
-Сите ги паметиме ватувањата на актуелниот Градоначалник дека доколку дојде на власт, тој ќе работи само на капитални проекти. Меѓутоа, една година после стапувањето на функција, не само што не покажува конкретни резултати и нема капацитет да ги заврши почнатите проекти, туку на подмолен начин ги крати средствата за капитални инвестиции во Општина Штип.
На денешната седница на Совет на Општина Штип, ќе се разгледува одлука за ребаланс на Буџетот, каде што инвестициските вложувања и трошоци во локалната инфраструктура се намалуваат за 50%.
Од друга страна пак, се зголемуваат ставките за блок дотации за плати.
Не треба да сте економисти, за да сфатите дека власта го зголемува бројот на вработени во јавната администрација и институциите, ги ослабнува иституциите со вработување на партискиот кадар, притоа трошејќи народни пари.
Лагите, манипулациите, нереалните ветувања за инвестициски бум, за подобрување на условите за живот од страна на СДС-овската локална власт излегуваат на виделина.
Оваа власт, со лаги и манипулации, со нереални ветувања, се здоби со право да управува со нашите пари, без да води сметка за благосостојбата на граѓаните. За кратко време стана очигледно дека предизборните ветувања за нив беа само начин како да го добијат вашиот глас, да ги заземат удобните фотељи и потоа да располагаат со парите, на начин за кој не добија мандат од гласачите.