Експлозијата се случила на 6 киловолтна склопка од напојна пумпа. Засега нема информации за повредени или жртви. Нашите извори јавуваат дека е настаната огромна материјална штета
– пренесува Економски Лидер.
-Самото вклучување на оваа склопка 200.000 до 300.000 евра а кога на тоа ќе се додаде штетата од нефункционирањето и цената на ремонтот на склопката, сумата веројатно ќе достигне неколку милиони евра.
– надополнува изворот за Лидер.
Специфично за инцидентот е тоа што токму оваа склопка неодамна била ремонтирана за што била платена исклучиво висока цена од страна на директорот Васко Ковачевски. Изворот се сомнева дека е можно експлозијата да се случила заради нестручноста на луѓето кои беа поставени на функции, според него, од именувањето на новото ракловдство на РЕК Битола се врши заменување на професионалниот кадар со партиски војници на сите нивоа а цената за тоа ја плаќаат граѓаните и државата.
Извор : Економски лидер