Во врска со (не)реализираните ветувања на актуелниот градоначалник Горан Трајковски, со кои што излезе да ја бара довербата на граѓаните на Делчево во 2017 година, со свој коментар и кратко видео преку социјалните мрежи реагираше Кирчо Анастасов.
Едно од ветувањата на тогаш кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Горан Трајковски во предизборната кампања во 2017 година беше дека ќе ги исчисти сите ендеци и јазови во општина Делчево како што кажува во дел од неговата тогашна прес конференција
Реакцијата е пренесена во вид на прашање до градоначалникот за тоа колкав процент од ветените проекти се реализирани за жителите на Делчево:
Вака звучи една од лагите на Горан Трајковски- нереализираниот советник на Зоран Заев кога ги лажеше делчевчани пред локалните избори во 2017 година… Ќе ги исчистел сите ендеци и јазови во Делчево.
Bwahahahaaa!!!
Ајде вака едно малку посериозно прашање релевантно за претстојниот период:- Во Биглата, Илиово, Драмче, Селник, Вратиславци, Полето, Очипала, во Чифлик, во Косово Дабје, во Габрово, во Ѕвегор, во Стамер, Во Град, во Вирче, во Тработивиште, Стар Истевник или Нов Истевник, во Разловци…. Во реоните за жителите низ Делчево…. На планината Голак….
Колкав процент од сите ветени проекти во твојата предизборна листа на лаги си реализирал за жителите на овие населби?
Мммм Градоначалниче Трајковски?
Или одговорот на овие прашања се причината зошто си сакал да бегаш за Советник на Зоран Заев во Скопје, ама и таму те искуфериле, па сега ќе мораш да го сркаш тоа што си дробел во изминатите речиси 4 години низ Делчево?
Осмели се излези во јавност, доста се криеш во твојот удобен кабинет, повикај јавна прес конференција, па да поразговараме низ бројки а не преку твоите добро познати празни флоскули “Градиме по план, како никогаш досега”!…. “
-стои во реакцијата на потпретседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.