Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во јавноста обелодени уште една од редот лаги на Зоран Заев.
Овој пат станува збор за најавената можна инвестиција од страна на германскиот автомобилски гигант Фолкцваген за кого Зоран Заев по средбите со Ангела Меркел кажуваше дека голем автомобилски гигант од Германија само што не донел одлука за инвестирање во Македонија.
Затоа што корупцијата цвета, а економијата тоне Фолксваген воопшто не ја разгледувал Македонија во финалната фаза за инвестиција, Заев повторно излажа!,
-вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Деновиве Фолксваген официјално објави дека својата нова голема инвестиција ќе ја отворат во Турција. Таму вложуваат фантастични една милијарда и четиристотини милиони долари отвараат над пет илјади директни работни места и уште двојно повеќе индиректни, ќе произведуваат над триста илјади коли годишно главно Пасат и Шкода Суперб. Она што е особено интрересно е што во информацијата на Фолксваген дадена за престижниот Блумберг велат дека во финална фаза биле земени во предвид покрај Турција и Бугарија, Србија, Романија и Северна Африка. Со ова Фолксваген потврдува дека Македонија никогаш не влегла во финална фаза за избор, а да не зборуваме фабриката да се гради во Македонија!
Така за жал лажеше Зоран Заев кој во јануари месец зборуваше дека само што не се донела одлуката па дури и го злоупотребуваше името на Канцеларката Меркел и советникот за надворешна политика Хекер. Но на лагата и се кратки нозете,
-пишува Николоски на Фејсбук и додава:
И да бидеме начисто Фолксваген воопшто не ја зел во предвид Македонија затоа што слушааат и знаат дека корупоцијата цвета, дека фирми се рекетираат, дека им се нудат ” стратешки партнери” кои би зеле пола од фирмата за без пари, знае Фолксваген дека тоне во криминал и корупција цела Влада и затоа не ни сака да размислува, а камо ли да инвестира во Македонија! Затоа оваа Влада треба да си замине час поскоро, ден поскоро и да дојде нова која ќе ја обнови Македонија, со тим на способни и компетентни луѓе кои ќе ги донесат големите светски корпорации во Македонија, а ќе ги покренат и домашните фирми, тим на способни луѓе со цел да го зачуваме народот да остане во Македонија, а не секојдневно да ја напушта државата! Деновите се одбројани, доаѓа обновата на Македонија!.