Почитувани,
Власта на СДСМ држи партиски состаноци во образовни институции спротивно на Законот за основно образование.
Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и претседателот на општинската организација Калески одржуваат партиски состанок во ООУ ,,Кирил и Методиј” во Бучин.
Недозволиво е организирање политички настани во училишта.
Државниот просветен инспекторат треба веднаш да постапи и да ги казни одговорните за ваквата ситуација со глоба од 1600 евра.
Власта на СДСМ не престанува да ги злоупотребува образовните институции.
За ваквото незаконско однесување во училишта мора да има одговорност, а по 12 април секој ќе одговара согласно правото и законите.
-фејсбук соопштение на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ


