Поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов денеска преку социјалните мрежи го честиташе денешниот државен празник 2 Август- Илинден:
“Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста.
Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности.
Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава.
Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува.
Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал.
Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано.
Честит Илинден!
Вечна Македонија!”


