Во текот на денешниот ден на јавни површини, објекти, споменици и бисти на народни херои од историјата на Македонскиот народ биле забележани од страна на граѓаните налепници со бугарски симболи, текстови и ознаки.
Од општина Кочани во јавноста упатија своја реакција со која што апелираат до надлежните органи во МВР да ги пронајдат сторителита на ово вандалски чин на сквернавење на бистите и спомениците на Македонскиот народ.


“Денеска, 25 август 2022 година, на повеќе објекти во градот Кочани се забележани вандалски постапки со лепење фотографии со текстови и со обележја на бугарски симболи.
Општина Кочани најостро ги осудува ваквите постапки и бара од МВР – ОВР – ПС Кочани да ги прегледаат сите видеонадзори на околните објекти за да ги пронајдат сторителите и да преземат мерки согласно закон.”
-стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот Љупчо Папазов упатена во јавност.


