По 13 ти пат Вардар стана ракометен шампион на Македонија со победата против Еурофарм во супер лигата.
Вардар е првиот тим што успеа да врзе пет титули во низа, со што овој победнички тим стигна до вкупно 13 шампионски пехари.
Металург и Пелистер имаат по шест шампионски титули, со големо заостанување зад моќните „вардарци“.
Во 27-те сезони по остамостојувањето Вардар има освоено 28 пехари, и тоа по 13 во првенството и во Купот на Македонија и два во Супер-купот. Честитки момци и уште многу успеси.


